1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се заострува спорт околу ракетниот одбранбен штит

Во спорот околу изградбата на планираниот американски ракетен одбранбен систем во Полска и Чешка,тонот и натаму се заострува.Рускиот претседател Владимир Путин системот го спореди со стациониртањето американски атомски ракети во Германија во времето на студената војна.Заканувачкото сценарио од руски аспект е исто како и стационирањето на Першинг ракетите во 80-те години,изјави Путин при средбата со својот чешки колега Вацлав Клаус.Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер повика на разумност:

"Не смееме да дозволиме ,наша задача е да го спречиме тоа,да настане нова спирала на недоверба меѓу Америка и Русија.Мора да биде спречена ескалација",рече Штајнмаер на средбата на НАТО министрите во Осло.Во четвртокот Русија најави истапување од догвоорт за конвенционално вооружување во Европа.