1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се заострува ситуацијата во Конго

Примирјето во Конго е прекршено и повторно се разгореа борби меѓу владините сили и бунтовниците од народот Тутси. Организацијата на земјите од јужна Африка е подготвена во земјата да испрати мировни трупи.

default

Илјадници луѓе бегаат од Гома поради воените судири

Борбите во Конго повторно се обновија. Владините сили и бунтовниците се дојдени на само неколку километри од градот Гома на истокот на земјата, јавуваат агенциите. Владата тврди дека бунтовниците од народот Тутси го прекршиле примирјето коешто стапи на сила во петокот. Поради заострената ситуација во земјата, конфликтот во Конго беше високо на агендата на вонредниот самит на Организација на државите од југот на Африка, САДЦ, кој се одржа на викендот во Јоханесбург.

Simbabwe Krisengipfel

Конго беше тема и на кризниот самит на САДЦ

Од организацијата најавија подготвеност за испраќање мировни сили во Конго кои би им помогнале на владините трупи да го одбранат територијалниот интегритет на земјата. Јужноафриканската заедница нема само пасивно да го набљудува насилството во Конго, се вели во завршното соопштение по кризната средба. Претставник на организацијата најави дека ќе испратат воени експерти во Конго кои треба да направат проценка на ситуацијата.

Владата сака преговори

Лидерот на бунтовниците во Конго, Лоран Нкунда изјави дека ќе се бори и со регионалните мировни сили ако тие влезат во источните делови на земјата и ја поддржат владината армија. Владината страна е подготвена на преговори. Министерот за информации на Конго, Ламберт Менде Омаланга за телевизијата СиЕнЕн изјави дека, лично со премиерот биле во Гома и цела недела се обидувале да стапат во контак со бунтовниците. Истовременои ги повикувале да запрат со убиствата, кражбите и да започнат разговори со владините претставници со цел да се реши кризата. „Но, тие одбиваат преговори. И покрај ваквата ситуација ние нема да се откажеме од напорите да ги седнеме сите на преговарачка маса,“ рече Омаланга.

Kongo Flüchtlingslager in Goma

Во бегалските кампови се шири колера

Поради борбите во источниот дел на Конго кои траат веќе со недели, стотици илјади луѓе се принудени да ги напуштат домовите. Според германските хуманитарни организации кои работат на теренот, обновените борби предизвикале нов бран бегалци,а ситуацијата е се подраматична. Во меѓувреме претставници на ОН соопштија дека во бегалските кампови во кои има десетици илјади бегалци, забрзано се шири зараза од колера.

DW.COM