1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се заострува ситуацијата во Газа

Израел нема намера да престане со офанзивата во Газа, и покрај острата осуда од меѓународната заедница. Во четиридневната операција на изреалската армија, загинаа над 100 Палестинци. Борбите продолжуваат.

default

Ескалација на насилството во Газа

„Израел нема намера ниту за минута да ги запре акциите против терористичката организација. Ништо нема да не спречи да си ги заштитиме граѓаните“, изјави денеска израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Само во последните борби денеска има две нови жртви, а израелската авијација во Газа го гранатираше и седиштето на Исмаил Ханија, поранешен премиер и еден од првите луѓе на радикалниот Хамас. Во времето на нападот зградата била празна но полесно се повредени пет лица од околните згради. Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара вонредна седница на Советот за Безбедност заради ситуацијата во појасот Газа. Според палестински извори само во текот на вчерашниот ден се убиени 60 Палестинци. Поголемиот дел од нив се цивили.


Меѓународната заедница со остра осуда за Израел


ОН и ЕУ остро ја осудија израелската акција. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун со оцени дека Израел употребил „прекумерната“ сила и побара стопирање на акцијата. Со ист став и ЕУ. Брисел побара од Израел да запре со активностите кои загрозуваат и цивилни животи и кои се „спротивни на меѓународното право“. Еден од главните палестински преговарачи Саеб Ерекат изјави дека мировните преговори со Израел се погребани под урнатите куќи во појасот Газа.

Инаку мировниот процес на Блискиот исток беше обновен на минатогодишната конференцијата во американскиот град Минеаполис. Тогаш израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас се заложија да го потпишат мировниот договор до крајот на годинава.