1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се заострува ситуацијата во Газа

Припадници на радикалното палестинско движење Хамас денеска истрелале седум ракети од типот Касам врз израелскиот град Здерот , додека таму се наоѓал израелскиот министер за одбрана Амир Перец. Во меѓувреме и Израел ја продолжува својата офанзива врз Хамас. Израелската авијација и денеска гранатираше неколку позиции на палестинското движење.