1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се заострува ривалството помеѓу Ердоган и Ѓул

Протестите против владата во Турција открија многу повеќе од само поделеност во државата; тие исто така потенцираат големи разлики помеѓу премиерот Ердоган и претседателот Ѓул.

Двајцата најмоќни луѓе во турската политика, премиерот Реџеп Таип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул на различен начин се покажаа и издржаа за време на протестите во Турција. Одобрувањето и популарноста на премиерот Ердоган подлегнаа на голем удар; додека неговиот долг политички сојузник претседателот Абдула Ѓул стекна почит со неговиот умерен и конструктивен настап за време на кризата.

Неодамнешна анкета покажа дека популарноста на Ердоган е опадната за седум отсто во последниот месец, на 53.5 отсто. Според последните анкети, речиси две-третини од анкетираните (72.5 проценти) кажале дека меѓу постоечките политичари, најмногу им се допаѓа претседателот Абдула Ѓул.

“Генерално, претседателите биле секогаш поомилени од премиерите, поради тоа што политичките одлуки не влијаат директно на секојдневниот живот на луѓето, за разлика од одлуките на премиерите кои често создаваат вознемиреност кај дел од популацијата“, вели за ДВ, професорот Озер Сенцер, директор на Метропол, компанија за истражување на јавното мислење. „Но, втор важен фактор што доведе до ваков резултат е одговорот кон суровата реторика на премиерот Ердоган, кон неговиот радикален став. Спореден со Ердоган, Ѓул има поблага реторика и пристап. Овие јасни разлики влијаат на тоа како луѓето ги доживуваат Ердоган и Ѓул“.

Различни политички стилови

Седат Бозкурт е постар новинар, стручен во областа на политичкиот ислам и

Gezi Park Istanbul Protest

Протести во Гези парк

Партијата на правдата и развојот (АКП) во Турција. Тој верува дека разликите помеѓу двајцата мажи беа нагласени од протестите во паркот Гези. „И покрај тоа што Ердоган и Ѓул долго време се политички сојузници, има големи разлики помеѓу нив, во смисла на политички настап, стил и односи.“

И Ердоган и Ѓул започнале како приврзаници на „Националното движење“ на поранешниот исламски лидер Нечметин Ербакан, во деведесетите. Двајцата беа највлијателните политички фигури на реформаторското крило во движењето и ја основаа умерената Партија на правдата и развојот (АКП) во 2001 година. Ѓул секогаш бил сметан за умерен дипломат, но за многу набљудувачи, на Ѓул му недостасува „харизмата“  која се поврзува со Ердоган, кој победува на натпреварите за популарност помеѓу гласачите на АКП.

„Ѓул е повеќе западно ориентиран. Тој ги прифати западните норми и го направи приоритет евроинтеграцискиот процес на Турција“ вели новинарот Бозкурт за ДВ. „Тоа што го видовме за време на протестите во паркот Гези е дека Гул ја  гледа демократијата како процес на учество, а Ердоган речиси ја сведе на гласачка кутија. Погледот на Ердоган кон евроинтеграцискиот процес на Турција е исто така сосема различен од тој на Ѓул. Ердоган во турска смисла е типичен конзервативен политичар, но секако исто така е и силен и успешен.“

За време на протестите против владата на национално ниво минатиот месец, премиерот Ердоган остро ги критикуваше демонстрантите, наредувајќи им веднаш да ги напуштат улиците и да гласаат во избирачките кутии, не на улиците. Претседателот Ѓул, од друга страна, се осигура неговите јавни коментари да повикуваат на умереност и потенцираше дека „демократијата не е само избори“.

Нивните различни изјави покренаа шпекулација за конфликт помеѓу двајцата лидери и предизвикаа некои аналитичари да се запрашаат дали се подготвува сцената за натпревар за наредните претседателски избори во Август 2014.

Плановите на Ердоган за 2014

„Желбата на Ердоган е да го смени политичкиот систем во Турција на извршна претседателска власт и да стане првиот директно избран претседател со големи

Abdullah Gül

Абдула Ѓул

овластувања“, смета новинарот Седат Бозкурт.

„Но протестите за паркот Гези покажаа дека Ердоган мора да се откаже од овие планови бидејќи му фали поддршка за уставни измени.“

Според Бозкурт, изгледа дека Ердоган ги има изгубено алтернативите. Без разлика на тоа, тој најверојатно ќе се кандидира за претседател наредната година; за прв пат гласачите ќе го изберат директно својот претседател.

Но дали ќе влезат во конфликт за претседателскиот мандат?

“Можноста за отворен конфликт или натпревар помеѓу Ѓул и Ердоган за претседателските избори, како што јас ја гледам, е многу неверојатна“ вели Седат Бозкурт. Според Бозкурт, Турција би можела да го земе моделот Путин-Медведев како остварливо решение за да се задржи моќта на двајцата и хармонијата во редовите на АКП. Ова би можело да биде хармонично за АКП, но демонстрантите во Турција се загрижени за овој нов развој на настаните. Многу од нив сметаат дека Ердоган, иако сака да парадира, неговиот народен мандат не се развива согласно демократскиот правец.

„Многу веројатно сценарио е тоа дека Ердоган ќе се кандидира за претседателскиот мандат во 2014, а Гул ќе стане лидер на АКП и премиер во 2015“, вели Бозкурт. “Ова решение може да спречи било какви тензии помеѓу двајцата лидери на краток рок. Но што ќе се случи во 2015, останува да се види“ предупредува тој. „Како што Ердоган веројатно ќе бара поголема моќ и ќе изврши поголемо влијание врз владата, можно е да видиме нови тензии и можеби криза“. Како што демонстрантите во паркот Гези брзо избувнаа, Турција исто така внимателно ги набљудува и своите соседи. Како што течат настаните во Сирија и Египет, и во границите на Турција со Курдите, непредвидливи промени може исто така да влијаат на текот на идното водство на државата.