1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се закануваше Белград удри Приштина

Македонските власти се изненадени од непопуларниот потег на Приштина која од вчера воведе ембарго за производи од Македонија. Официјално Скопје не добило какво било известување за причините.

Косовското ембарго за увоз од Македонија ги затекна надлежните во Македонија. Владата е изненадена, бизнисмените загрижени од непопуларниот потег на Приштина која буквално преку ноќ ја вовела мерката за забрана за увоз на повеќе стоки и производи од Македонија. Во Владата реагираат дека се изненадени бидејќи воопшто не биле известени институционално за мерката: „Таа мерка не е добра гледајќи и од аспект на функционалност и интерес за двете економии затоа што со неа и економијата на Република Косово ќе претрпи определени негативни последици, пред се граѓаните на Косово. Не е добра ниту пак од еден друг аспект на соседски односи. Досега сме имале добра соработка со косовските власти и воопшто немало информации за проблеми“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во моментов во тек се консултации и разговори на двете страни околу надминување на проблемот за кој една од можните причини е мерката на Македонија за условен увоз на пченица и брашно. Од Владата велат дека во игра се сите опции и можности, но нагласуваат дека сакаат на маса да го решат проблемот.

Нема информации од Приштина

Од министерството за економија за Дојче веле изјавија дека досега нема стигнато официјално известување од косовска страна: „Она што го знаеме од соопштението на нивната веб страна е дека Косово воведе мерка за забрана на увоз од Р.Македонија на производи врз база на жита, брашно, скроб или млеко, слаткарски производи , конзервираано овошје и зеленчук, овошни сокови, газирани пијалоци,пиво, вино , алкохол, оцет, тутун и цигари. Нема објавено до

кога ќе трае мерката“, изјавија за Дојче веле од министерството.

Косово е еден од позначајните за македонското стопанство со оглед дека е еден од ретките со кој Македонија остварува суфицит. Оттука и загриженоста и кај бизнисмените кои стравуваат дека мерката ќе предизвика негативни ефекти врз економијата:

„Секој вид на ембарго негативно ќе се одрази врз трговските односи помеѓу земјите во регионот, сметаме дека треба да има меѓусебна соработка односно слободна трговија, односно слободно движење на стоки луѓе и капитал ембрга од овој вид ќе се одразат негативно и на 2 земји. Сметаме дека одлуката на косовската Влада е донесена без некоја поопсежна длабнска анализа и дека работите ќе се средат од страна на двете влади во интерес за развивање и унапредување на трговските и економските односи помеѓу двете земји“, изјави за Дојче веле Митко Алексов од Сојузот на стопански комори.

Загриженост кај бизнисмените

Изненадени се и производителите на вино кои стравуваа од идентична мерка од Белград, како одговор на македонската заштитна мерка за пченицата и брашното:

„Загрижени сме од одлуката која секако дека ќе предизвка негативни последици. Косовскиот пазар за нас како винска индустрија е значаен и потенцијален за унапредување на извозот, пред се во наредниот период. Сепак се надеваме дека двете Влади ќе најдат заеднички јазик и ќе најдат решение за овој проблем што е во интерес на двете страни

Инаку неофицијално, можно е министерот за економија Ваљон Сарачини да замине во Приштина на директна средба со тамошните власти за надминување на проблемот. Претходно и официјален Белград се закануваше со слична мерка доколку македонските власти не ја укинат мерката за условен увоз на пченица и

Flaggen Kosovo und Mazedonien

брашно, за која домашните мелничари бараат да продолжи и по 15 септември. Вкупната размена Македонија-Косово во 2012 година изнесува 421 милиони долари, од кои 392 милиони отпаѓа на извоз, а 29 милиони на увоз. Во 2013 досега вкупната размена изнесува 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз. Наијзвезувани производи се: нафтени деривати, цемент, производи од челик и железо, цигари, лекови, пекарски производи, пијалаци (пиво). Најувезувани се остатоци од челик, други заварувачки цевки, вода, пластични плочи, битумен и асфалт. Од производите за кои е воведено ембаргото, годишниот извоз изнесува 26 милиони долари, од кои 10,2 милиони долари отпаѓаат слаткарски/кондиторски производи, 3,6 милиони на конзервирано овошје и зеленчук, 5,7 милиони на пијалаци и 6,8 милиони на цигари.