1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се` зависи од прашањето за името

Денеска (11.09) од Брисел стигна уште еден повик до македонската страна дека преговори за полноправно членство во ЕУ не можат да се случат без претходно решение за името. Да не се испушта возот, предупредува Ванакере.

default

Шефот на европската дипломатија, Кетрин Ештон, на денешниот неформален состанок на министрите за надоврешни работи на ЕУ во Брисел изјави дека тоа детално му го објаснла на Министерот Антонио Милошоски.

“Ја пренесов пораката дека преговорите мора да продолжат, мислам дека има добра волја од двете страни. На министерот за надворешни работи на ПЈРМ му посочив дека е суштински тој да разбере дека прашањето мора да се реши, за тргнеме напред. Се надевам дека на наредните средби тоа ќе може да се случи. Постојано ми велат дека се ближи крајот, се надевам дека е така. За волја на вистината, штом тоа прашање ќе се реши, ќе ги видиме резултатите бидејќи ЕУ има голема желба ПЈРМ да тргне напред.“

Стивен Вакере, белгискиот минситер за надворешни работи и претседавач со ЕУ, чија земја на почетокот на претседателството пројави желба за дискретна медијација помеѓу Скопје и Атина, ја спушта топката. Решението сепак лежи во рацете на засегнатите страни, вели тој.

“Да бидеме јасни, медијаторството не е наша амбиција, туку наша амбиција е да возот за приклучување кон ЕУ да продолжи да се движи. Јасно е дека прашањето за името мора да биде решено, но со напори од двете засегнати страни. Се надеваме дека решение ќе се најде во наредните денови“, изјави Ванакере.

Милошоски: Грција да покаже сериозност за Агендата 2014

Milososki in USA

Бесцелно лобирање во Брисел?

Неговиот македонски колега, пак, денеска во Брисел изјави дека Македонија е толку блиску или толку далеку од почетокот на преговорите за членство во ЕУ кои ги заслужува, колку што е Грција блиску или далеку од прагматичноста и од пошироката слика за европската интеграција на Балканот.

Одговорајќи на новинарско прашање, Милошоски напомена дека доколку официјална Атина навистина искрено го заговара проектот Агенда 2014 и во негови рамки се залага за целосно вклучување на земјите од регионот во ЕУ, тогаш би требало да даде поддршка на претстојниот извештај од Европската комисија за Македонија, а со тоа да го помогне кредибилитетот на ЕУ и да го поддржи проширувањето со земја која е подготвена да го почне тој процес.

Само неколку недели пред редовниот извештај на ЕК и три месеца пред декемврискиот самит на Унијата, на кој Македонија може да ги отвори прегооврите за членство, македонските претставници деновиве во Брисел лобираа за старт на преговори. Но, бриселските дипломати потсетуваат дека лобирањето за датум за преговори без претходно решение за името со Грција е бесцелно.

Автор: Тања Милевска/миа

Редактор: Трајче Тосев