1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Се’ зависи од Груевски и Папандреу“

Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт по ненадејната посета на Скопје, изјави дека не добил гаранции од премиерот Груевски, но дека сепак не очекува вето од страна на Грција на самитот на ЕУ.

default

Карл Билт

„Не очекуваме вето од Грција на следниот самит на Европската унија и ние работиме тоа да не се случи. Сега се‘ зависи од премиерите Груевски и Папандреу“, изјави Карл Билт. Тој синоќа допатува во ненајавена посета на Скопје и имаше тричасовни разговори со премиерот Груевски и министерот Милошоски. „Немам гаранции од премиерот Груевски, но средбата беше корисна. Мислам дека двајцата премиери денеска ќе разговараат за името, но, и за други важни прашања од заемните билатерални интереси на Македонија и на Грција. Спорот е билатерален“, изјави утирнава Карл Билт по средбата со Груевски и Милошоски.

Шведскиот шеф на дипломатијата беше меѓу првите политичари од Брисел, кој заговараше нова тет-а-тет средба Груевски-Папандреу и беше во постојан телефонски контакт со двајцата, изјавувајќи дека до 7 декември има место за компромис. Карл Билт не останува на денешниот министерски состанок на земјите членки претенденти за Европска унија од регионот во Скопје и говори дека тајната мисија во главниот град на Македонија беше исклучено посветена на притисок врз властите во Скопје да бидат флексибилни во денешните директни грчко-македонски разговори.

Во заедничката колумна за денешен „Дневник“ Хавиер Солана и Оли Рен со директно обраќање. „Ве повикуваме да го искористите моментот и да го решите прашањето за името. Ако шансата не се искористи не сме сигурни кога или како пристапниот процес на Македонија ќе се врати на агендата на Европската унија“, пишуваат евrопските дипломати Хавиер Солана и Оли Рен во колумна за денешен „Дневник“.

Папандреу и Груевски во Преспа, на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Албанија  ќе се сретнат доцна попладнево, откако претходно со албанскиот премиер Бериша ќе дебатираат за взаемните добрососедски односи, при што еколошката зона Преспа е еден од важните проекти финансиран од Европската унија.

Македонскиот премиер патува со повторен став, партиска платформа на ВМРО-ДПМНЕ, која е и владина позиција: За решавање на спорот нема уставна промена на името, не се менува националниот идентитет кој мора да се сочува и ќе биде распишан референдум за компромис, ако се постигне договор со Грција. Од опозицискиот СДСМ вчера не ги отворија прашањата околу грчко-македонските преговори на дебатата пратенички прашања и влада.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM