1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се‘ е „Made in China“

Кинеските производи завладеаја со светскиот пазар. За нив некогаш дури воопшто нема алтернативи. Батерии, сијалици, четки, шрафови - тоа се‘ се производи на кои пишува „Made in China".

default

Турканица на Јунион - најпознатата железничка станица во Вашингтон. Стара зграда, многу излози, продавници за сувенири... А во нив маички на кои пишува „I love DC", чаши за кафе на кои се смее претседателот со семејството, минијатура на Белата куќа, разни дрангулии... Меѓутоа, повеќето сувенири се се‘, освен „вистински американски“. На скоро сите предмети некаде одзади пишува „Made in China".

Ерик Лампкин, кој од Тексас допатува во посета на главниот град, вели дека купувачите едноставно немаат избор: „Се обидувам да купам производи кои се направени во САД, меѓутоа поголемиот дел се од Кина. Едноставно нема што друго да се купи. Тие завладеаја со пазарот.“

И Сара Бонгорни од Луизијана има слично искуство. Оваа новинарка, која се занимава со економски теми, веќе со години се обидува да ги бојкотира кинеските производи. Тоа е невозможна мисија, вели во книгата што ја напишала. Потрагата по облека, компјутери, ај-подови, мобилни телефони - кои не се од Кина, траела со денови. Многу често нема воопшто алтернативи кога се во прашање сосем обични производи за секојдневна употреба – батерии, сијалици, четки, шрафови. Притоа, никој не сака кинески производи. Изгледаат евтино, имаат краток век и дури се опасни по здравјето – гласи оцената на купувачите. Лук Грејнџер, Американец со германско потекло, само потврдува дека кинеските производи ги бие

China, Betrug am Verbraucher

Продавниците се преполни со секакви дрангулии од Кина

„лош глас“: „Мислам дека тоа се неквалитетни производи. Кога бев дете речиси се‘ беше американско, сега скоро се‘ е од Кина“.

Кукли и плишани играчки - 100 % од Кина

Факт е дека во Америка се‘ помалку се произведува. Дизајнирани во Америка – да, такви има доста, но многу ретко пишува „Made in America“. Дури 70 отсто од производите од асортиманот на синџирот стоковни куќи „Волмарт“ се направени во Кина. Истото важи и за 95 отсто видео-игри на американскиот пазар, а кога станува збор за куклите и плишаните играчки – тие се веќе 100 проценти од Кина.

Даглас Пал, стручњак за Азија при Карнегиевата фондација за мир, вели дека има повеќе причини за ниската стапка на производство во САД: „Често се споменуваат се‘ поголеми трошоци за плата за работниците, растечки трошоци на капиталот, но и даночни олеснувања за претпријатијата кои производството го пренесуваат во странство и потоа таа стока повторно ја увезуваат во САД. Претседателот Обама во моментов се обидува да ја прекине таа практика.“

Меѓутоа, Пал вели дека не треба да се очекува производите „Made in China" да изчезнат од американските продавници, бидејќи најевтиниот производ го освојува пазарот, без разлика дали тој бил направен во Кина, Индија, Тајланд или Тајван. Поради тоа, Сара Бонгорни по една година го прекинала бојкотот на кинеските производи – едноставно било премногу напорно.

Автор: Дерте Хајлхолц / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина