1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се‘ е под контрола- избори по вкус на Кремљ

Кремљ располага со суптилни средства за влијание врз парламентраните избори (04.12). Се применуваат професионално и искусно. Тие дури воопшто нема да изгледаат како манипулација.

default

Порцелански фигури на Путин и Медведев

Преку онлајн-проект на независната руска организација „Голос“ која ги набљудува изборите и интернет весникот Газета, секој Русин преку интернет може да пријави неправилност при изборите-брзо, анонимно, нефилтрирано.

Досега се стигнати околу 3500 информации за пристрасно известување во медиумите, купување гласови или притисок од страна на работодавачите врз вработените. Еден пример од Санкт Петерсбург: кој со 200 пријави е на врвот на листата неправилности пред изборите. Ректорот на универзитетот ги принудувал студентите во студентските домови да не одат на гласање во нивните родни места, туку организирано со автобуси на друго гласачко место, а својот глас да го дадат за „Единствена Русија“, владејачката партија на која припаѓа и самиот. На оние кои нема да го послушаат им се заканил со исклучување од универзитетот.

Russland Wahlen

„Административни ресурси“

За ваквите случаи во Русија се употребува поимот „административни ресурси“. При овие парламентрани избори тие ќе бидат обилно користени, вели Саша Там, проект-раководител во фондацијата Фридрих Нојман во Москва. Партијата „Единствена Русија“ не напразно се нарекува партија на моќта.

И организацијата за европска безбедност и соработка, ОЕЦД, регистрираше поплаки околу овие „административни ресурси“, влијание на државните институции врз гласачите.

Russland Wahlen

Конкуренцијата е исклучена

Експертите како Саша Там веруваат дека и на овие избори ќе продолжи тенденцијата од претходно, изборите нема да бидат ниту фер ниту слободни. Притоа, не се работи само за самиот ден на гласањето, туку и за случувањата претходно. Кремљ нема потреб аод фалсификување на изборите во голем стил, зашто врз резултатот може да влијае на подруг начин.

Во 2005 година беше донесен закон според кој пратениците се избираат исклучиво преку партиските листи. Независните кандидати така немаат никаква шанса да влезат во Думата. Изборниот праг е подигнат од пет на седум проценти. Освен тоа, на избори можат да одат парѕии кои се регистрирани најмалку една година претходно. Процесот на регистрација на опозиционите партии трае долго, е толку тежок, речиси невозможно е регистрирање на опозициона партија. На пример, мора да се соберат најмалку 45 илјади потписи со поддршкакои треба да бидат обезбедени од различни региони на Русија.

Никакакво чудо што на изборите не се очекуваат изненадувања. Тоа го покажуваат и анкетите. Како и досега, ќе бидат застапени четири партии во парламентот, „Единствена Русија“ ќе има мнозинство. Прашање  е само дали тоа ќе биде двотретинско.

Автор: Роман Гончаренко/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM