1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Се вратија сеќавањата од 11 септември

Истрагата потврди дека дека малиот спортски авион кој удри во висококатница во центарот на Њујорк е несреќа, а не терористички напад. Во несреќата загинаа познат бејзбол играч и неговиот учител пилот по летање. Рајнер Зитфелд испрати слика од Њујорк со нови детали.

Зградата во која удри авионот

Зградата во која удри авионот

Пет години по 11 септември сликите од терористичките напади во Њујорк повторно се оживеаа: висококатница на сред Менхетен која гори, оган предизвикан од авион кој удрил во зградата, сирени и страв од нов терористички напад. Граѓаните беа уплашени:

На почетокот мислев дека се работи за некаква бомба, подметнат експлозив или сл. Во ова време помислуваш само на најлошото, вели еден очевидец.

Што да помислиш друго освен дека е тероризам, констатира една жена. Исто мислат и други. “Се исплашив, мислев дека е нов терористички напад.”

По првиот момент на паника, беше јасно дека се работи за несреќен случај. Пилотот на едномоторното летало, пријавило проблем со машината, која на крај од Ист ривер слетала директно во 50-катницата. Пилотот и копилотот, за кој во меѓувреме е познато дека е познат бејзбол играч, Кори Лидл биле мртви на место. Четири стана беа во пламен. За среќа нема повредени од станарите.

“Стоевме на прозор кога видовме како авионот не надлета.”

За њујоршките спасувачки екипи ова беше вистинска проверка како би реагирале во случај на нов терористички напад. Алармот пуштен во зградата на ОН која е во близина на местото каде што се случи несреќата беше запрен. Градоначалникот на Њујорк беше задоволен од акцијата на спасувачите:

“Се одеше според планот”, рече Блумберг.

Но, оваа несреќа отвори многу прашања. Како воопшто може еден авион толку блиску да се доближи до станбениот дел во Њујорк? Кој го контролира небото над градот во кој се случи најголемиот терористички напад на 11 септември?Што ако овој авион беше полн со експлозив? Од вчера чуството на страв од нови напади повторно се зголеми кај голем број од граѓаните на Њујорк.