1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Се бара решение за пробелмот на стечајците

Социјалниот проблем на стечајците тема која се разгледува во парламентот и владата на Македонија. Доколку не се најде решение за понеделник се најавени нови блокади.

default

За проблемот на стечајците се расправа во парламентот

Социјалните проблеми на стечајците кои ги предизвикаа и нивиите улични протести сега се тема и во парламентот во Скопје. До доцна синоќа коалиционите партнери во македонската влада на чело со партиските лидери ги успогласуваа ставовите околу решавањето на проблемот со стечајците. Лидерот на стечајците Стојан Стојанов најави нови блокади во Скопје, од понеделник, доколку парламентот не расправа за закон за нивна социјална помош.