1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се бара разврска за кризата во Либија

Политичката судбина на Либија е главна тема на средбата на Контакт групата во главниот град на Катар, Доха. Таму ќе допатуваат бројни владини претставници на земјите членки на ЕУ, но исто така и на САД и на ООН.

default

Во дипломатскиот куфер на германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле се наоѓаат неколку јасни позиции што се однесува до барањето решение за либиската криза. „Целта на луѓето во Либија е слободна и внатрешно помирена земја без Гадафи, а тоа е и наша цел“, порача Вестервеле пред заминувањето за Катар. Кога вели „наша цел“, Вестервеле мисли на германската влада, но и на другите членки на ЕУ.

Гидо Вестервеле

Гидо Вестервеле

За разлика од општата прокламирана политичка цел, европските министри за надворешни работи не успеаја на вчерашниот состанок во Луксембург да најдат заедничка позиција околу можниот ангажман на европски воени сили за заштита на хуманитарната помош за либиското население. „Германската влада е подготвена да ги намали последиците од војната во Либија, но не е подготвена да се вклучи во војната“, категоричен е Вестервеле.

Домаќинот на средбата, министерот за надворешни работи на Катар и другите министри од Контакт групата за Либија имаат поинаков став, нивните земји имено веќе се вклучени во воените дејства против либискиот властодржец Моамер ел Гадафи. Франција и Велика Британија вчера побараа од НАТО да ги интензивира нападите врз силите на Гадафи: „Мораме да ги продолжиме и да ги интензивираме напорите во рамките на НАТО. Поради тоа Велика Британија испрати веќе дополнителни борбени авиони, кои се во состојба да напаѓаат цели на земја, кои го загрозуваат либиското население. Ние би ги поздравиле таквите чекори и на другите земји“, порача британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг на

Karte Katar

Нова средба во Доха

средбата во Луксембург.

Според шефот на германската дипломатија, воена разврска на кризата во Либија не може да се очекува: „Нема да видиме воено решение за Либија, најверојатно! Она што ни е потребно, тоа е политичко решение, а за тоа ни е неопходен дијалог, што ќе го носат и организираат пред се’ страните во конфликтот“, порача Вестервеле.

Во таа насока треба да се движи и денешната средба во Доха, на која ќе присуствува и поранешниот министер за надворешни работи на Либија, Муса Куса, кој пребега во Велика Британија. При тоа клучно прашање е дали може Либија да тргне кон подобра иднина само без Гадафи или е тоа можно дури и ако тој остане во земјата.

Автор: Георг Шварте/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM