1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Се бара претседател на Еврогрупата

Еврогрупата треба да добие свој претседател. За тоа се залагаат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Тие преку заеднички предлози планираат реформа на ЕУ.

Во рамките на дебатата околу иднината на еврото германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд предложија Еврогрупата да добие претседател. Потребна е „поголема економско-политичка координација и посилна соработка на Еврогрупата“, изјави Меркел по средбата со Оланд во Париз (30.05.). Во моментов шеф на Еврогрупата е Јерун Дејсеблум, кој истовремено е министер за финансии на Холандија.

За следниот самит на ЕУ Меркел и Оланд планираат претставување повеќе предлози кои ќе придонесат за поголем развој и вработување во Европа. Справувањето со невработеноста на младите во Европа мора да добие приоритет, нагласија тие. Во буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година се навистина предвидени шест милијарди за таа цел, истакна Меркел, но парите можат да бидат исплатени многу брзо, во следните две години. Следниот самит на ЕУ ќе биде одржан на крајот на јуни.

На програмата е и културата

Пред политичките разговори Меркел и Оланд посетија изложба на германската уметност во Музејот Лувр. Изложбата на дела, меѓу другите од Каспар Давид Фридрих, Филип Ото Рунге, Паул Кле или Ото Дикс е спорна. Критичарите велат дека таа ги потврдува сите клишеа за романтичарски туѓите, заканувачки темни соседи на Германија.

Francois Hollande Angela Merkel

Меркел и Оланд на изложбата во Лувр

Во меѓувреме е познато дека невработеноста во Франција расте и натаму. Француското министерство за труд соопшти дека во април за невработени биле пријавени повеќе од 3,26 милиони луѓе. Тоа е речиси 40 илјади повеќе отколку во претходно рекордниот месец март. Министерството не ја соопшти вкупната стапка на невработеност. Но, статистичарите сметаат дека стапката е веќе 10,6 проценти.

Германска критика на Оланд

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пак го зеде во заштита францускиот претседател во однос на критиката во редовите на владејачката црно-жолта коалиција во Берлин.

„Би било мудро сите да пријдат конструктивно во сегашните разговори и преговори во Европа“, изјави тој при посетата на канадскиот главен град Отава.

Повод се изјавите на Олнад со кои тој забранува вмешување во работите во Франција од страна на Брисел.

„Европската комисија не може да ни диктира што да правиме“, изјави тој буквално. Кај некои политичари од германската владејачка коалиција тоа предизвика неразбирање.

„ЕК има улога да го надгледува придржувањето кон договорите од Мастрихт. Франција не се придржува кон нив“, критикува претседателот на пратеничката група на Унијата(Христијанско демократската и Христијанско-социјалната Унија), Михаел Мајстер.