1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се бара начин за помош на Шпанија

Како еврозоната да и‘ помогне на Шпанија без земјата да се смета за сериозно загрозена? Во напорите за надминување на кризата се надзира компромис.

Според медиумски извештај, постојат знаци на постигнување европски компромис во врска со банкарската криза во Шпанија. Според весникот „Зиддојче цајтунг“, моментно се преговара дали пари од европскиот фонд за спас можат да бидат директно исплатени на шпанските банки. Мадрид пак, за возврат треба да се обврзе на решавање на проблемите во финансискиот сектор во земјата, во нужен случај преку натамошни фузии или со затворање одделни финансиски институции. Шпанија може да побара користење на помошта уште пред изборите во Грција и пред официјалниот извештај за состојбата на банките во земјата. Шпанската влада веќе го поддржува банкарскиот сектор да не крахира со износи од повеќе милијарди по кризата со недвижнини и евтини кредити.

Шпанија дури сега призна дека има големи проблеми да обезбеди пари на пазарот на свеж капитал, иако се демантирани извештаите дека Германија ја принудува да побара место под европскиот чадор за спас. Отфрлени се и навестувањата за барање кредит од европскиот фонд за помош ЕФСФ или од ММФ.