1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Се бара креативност

Бендот „Паломајн“ од Белгија освои многу обожаватели во Нов Зеланд, Јордан и Панама и преку интернет реализираше необичен проект. За видеоспотот за песната „Never be the same“ обезбеди снимки од фановите од 194 земји.

default

Бендот „Паломајн“

Проверка на звукот, се` мора да биде во ред, зашто „Паломајн“ имаат големи планови - од белгиската провинција да го освојат светот, буквално секоја земја на планетата. Но, на концертот во нивната родна Белгија дојдоа едвај 20 луѓе. Каде се фановите? Во Конго, Малезија, САД, Луксембург. Таму се фановите, а зад сето тоа стои слоганот: „Светот слуша“ - проект на „Паломајн“. Членовите на бендот го промовираат својот нов албум „Attention Alpha“ откако претходно собраа видеоспотови снимени на мајчиниот јазик од обожавателите од различни земја од светот. Рекламен потег со сериозна позадина, вели Леви

Bandfoto Palomine

Лакар, наставник, графички дизајнер...

Ленартс, басист во бендот:

„Видовме дека во други земји многу луѓе страдаат од војна или дискриминација. Музиката, од друга страна, ги поврзува луѓето. Таа е насекаде, во секоја култура. Луѓе од целиот свет ја сакаат музиката, исто како и ние, и затоа сакаме да го обединиме светот преку музика.“

CD-Cover Attention Alpha von Palomine

Новиот албум

На видеоспотовите можат да се видат различни нешта. Додека некои ги веат националните знамиња, други прикажуваат традиционална уметност или раскажуваат нешто за својата татковина, како, на пример, Симон од Чиле:

„Во светот сме познати по извозот на вино, бакар, лосос, овошје итн. Нашата земја се наоѓа во Јужна Америка и ги опфаќа сите климатски зони; имаме езера и реки, имаме плажи, планини и вулкани.“

Прикажаните сцени на спотовите не секогаш можат да се разберат, зашто многу често сето се сведува на безредно мрморење. Сепак, сликите изгледаат убаво: плажи на Зелениот 'Рт, литвански пченкарни полиња, египетски пирамиди. На крај од сето ова се слеа во видеозапис за песната „Never be the same“. „Започнавме да свириме во јули, минатата година. Беше навистина тешко да се промовираме, иако се обидовме и преку Facebook, Myspace и Couchsurfing. Имаше и периоди во кои мислевме да го оставиме сето тоа настрана, зашто беше премногу тешко, но продолживме.“

Северна Кореја и Ватикан последни се запишаа на списокот на земјите

Konzert der belgischen Band Palomine in Oostende

Концерт во Остенде

Обединетите нации имаат 194 земји-членки. „Паломајн“ успеаја да ги опфатат сите. Пред да ја реализираат целта во списокот им фалеа две земји, вели Ленартс: „Во Северна Кореја луѓето немаат интернет и видеокамери. Единствено претставниците на владата имаат пристап до интернет-мрежата. Досега испративме, можеби, 5000 и-мејлови во Северна Кореја. Дури сега, после цели шест месеци, успеавме да најдеме некого. Со Ватикан е навистина тешко, бидејќи таму живеат само 800 луѓе, претежно свештеници и неколку работници.“

На крајот пристигна снимка и од Ватикан, така што во колажот, од земјите во светот, се најдоа Македонија, Парагвај или Русија, Вануату и Микронезија, Јордан и Бахреин, Босна и Херцеговина, Монголија, Црна Гора, Германија, Франција, Брунеи...

Konzert der belgischen Band Palomine in Oostende

Концерт на „Паломајн“ во Остенде

Промотивната турнеја инаку започна, со концертот во крајбрежното белгиско место Остенде. „Паломајн“ изведува инди-поп и по малку звучи како познатите бендови "Kings of Leon" од Америка или "Coldplay" од Велика Британија. Нивното прво ЦД излезе во 2007-та. Во Белгија, бендот вообичаено настапува на локални фестивали и во помали барови. „Бада Бинг“ е еден од нив. Сцената е осветлена во црвено и сино и е голема колку и самиот локал. Нема многу публика, но се игра со задоволство. „Најважно е да биде забавно. Многу труд и работа вложивме во овој проект. Ова е се` уште наше хоби, но има периоди во кои малку спиеме.“

Забавно е и на концерт. Меѓу две песни. пејачот на бендот Давид Јансен порачува набрзина уште едно пиво. Петчлената екипа во своите триесетти не мора да живее од музиката - сите музичари се вработени: еден е наставник, друг лекар, трет графички дизајнер...

Автор: Моника Грибелер / Далибор Стајиќ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска