1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се бараат контакти на Лондон со муслиманските радикални организации

*

Комитетот за надворешни прашања на долниот дом на британскиот парламент ја повика владата во Лондон да ја преиспита одлуката за бојкот на радикално исламистичкиот Хамас, либанскиот Хезболах и муслиманските браќа во Египет. Во објавениот документ се наведува дека британските дипломати треба да стапат во директни контакти со преставниците на овие организации како дел од напорите за мир во регионот. На слично нешто повика и италијанскиот премиер Романо Проди кој смета дека треба да се разговара со Хамас. ЕУ и САД Хамас го сметаат за терористичка организација.