1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се бараат гласачи!

Изборите за Европскиот парламент се закажани за 7 јуни. Резултатот од последната анкета е поразителен: ниска заинтересираност кај гласачите, поради што може да има мал одзив.

default

ЕУ

Само 16% од граѓаните во ЕУ знаат дека во јуни ќе се избира нов Европски парламент, покажува најновото истражување на јавното мислење. Пред половина година ова им беше познато само на 8% од испитаниците. На 7 јуни годинава, 375 милиони граѓани се повикани да ги изберат идните 736 европарламентарци. Анкетата спроведена во јануари и февруари во која се испитани 27 000 лица, покажува дека голем дел од граѓаните не само што речиси и да не знаат кога е изборниот термин, туку не се многу заинтересирани да одат на гласање. Во февруари 34% одговориле дека можеби ќе одат на гласање. Една година претходно овој процент беше поголем. Дури 15% од испитаниците биле сигурни дека нема да гласаат.

Се очекува мала излезност

Од резултатот на оваа анкета секако не може да се извлече заклучок за тоа колку луѓе сепак ќе излезат на гласање во јуни. Но, 53 од 100 испитаника одговориле дека немаат никаков интерес за тоа. Според ова може да се оцени дека излезноста нема да биде над 50%. Тоа воопшто не му се допаѓа на европратеникот од групата на социјалдемократите, Џо Лаинен.

„Педесет проценти излезност е минималната цел. Ние сега се вртиме околу 45%. Ако работите одат лошо, овојпат може да очекуваме и помал процент на излезност. Затоа мора сите да го вклучат алармот.“

Голема незаинтересираност кај новите членки

Symbolbild Grafik Europawahl 2009

Избори за Европскиот парламент

Во 1979 година 62% од граѓаните во ЕУ излегоа на гласање. На последните избори во 2004 излезноста беше 45%, а овој процент во Германија беше многу помал. И сегашниот Евробарометар покажува дека Германците не се заинтересирани за европските избори, односно се на средината на листата. Впечатливо е дека голема незаинтересираност владее кај новите земји членки од источна и централна Европа. Традиционално, мал е интересот и во Велика Британија.

Причина за незаинтересираноста е намалената доверба во сите европски институции, покажува најновиот Евроброметар. Граѓаните на ЕУ имале очекувања од Европа, пред се’ во однос на заштитата на потрошувачи и заштита од кризи. Британскиот европарлаементарец од редовите на либералите, Греам Вотсон вели: „Поголемиот дел од нашите граѓани денеска гледат свет со закани и јасно им е дека европската солидарност станува се’ поважна.“

Задоцнета информативна кампања?

Европскиот парламент започна информативна кампања, која пред се’ им е наменета на младите. Токму кај нив има многу мал интерес за Европа и нејзините институции. Европратеникот Лајнен, за ваквиот тренд зборува и со самокритика.

„Политичарите не прават доволно и за време на петгодишниот мандат континуирано да зборуваат со јавноста за европската политика. Многу малку време е тоа да се прави на четири недели пред изборите. Така луѓето се преоптоварени и не сакаат да слушаат.“

Националните интереси често ја ставаат во позадина европската политика, а исто така недостасуваат и познати личности. Во преостанатиот дел од изборната кампања, кандидатите неуморно треба постојано да нагласуваат: донесувањето на европски закони ќе биде поодлучно, а Европскиот парламент во голема мера одлучува како ќе изгледаат тие закони.

Автор: Кристофер Плас / Невена Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска