1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Се бараат воспитувачи за деца во градинките

Проектот е организиран во Франкфурт на Мајна. Конрад Скеруч во 2009. година дојде на идеја за преобука на невработени во воспитувачи. Луѓе од најразлични професии во неговото здружение беа подготвени за работа со деца.

Тереза Ел Џилали, 39-годишна, родена во Полска, беше келнерка, а остана без работа кога ресторантот беше затворен. Но, таа не сакаше да остане дома. Центарот за вработување ја вклучи во еден пилот-проект, со кој беше преобучена за воспитувачка.

„Си помислив - зошто да не? Имам две деца, кои ги израснав, отсекогаш имав работа со деца, и од семејството тогаш. Си реков - ќе се обидам. И успеав“, вели Тереза Ел Џилали.

Проектот беше организиран во Франкфурт на Мајна. Конрад Скеруч уште во 2009. година дојде на идеја за преобука на невработени во воспитувачи. Луѓе од најразлични професии во неговото здружение без подготвени за работа со деца.

„Би кажале ли без дилема: в ред, овој долго време невработен градежен работник сега би го предложил за професија воспитувач? Би го сториле тоа? Најголем број луѓе не би го направиле тоа. Но ние преобучивме во воспитувач еден работник-бетонирач, оти тој самиот со огромно воодушевување ја започна преобуката, оти самиот се заинтересира за тоа. Во детската градинка во која работи сега го внесе своето претходно работничко искуство. Тоа е големо збогатување за воспитувачката работа“, објаснува Конрад Скеру.ч. 

Deutschland Kindertagesstätte in Frankfurt Oder

За преобука на невработениот бетонирач во легитимиран воспитувач беа потребни 4 години теориска и практична обука. Програмата за преобука всушност доаѓа предоцна, оти за да се задоволи огромната потреба веќе од наредната година, со масовна преобука на невработени требаше да се започне уште пред три години. Тоа го признава и Агенцијата за вработување.

„Обуката трае три до четири години, па ние среднорочно можеме да придонесеме за задоволување на потребата од стручна сила, но не и за 2013“, вели Илона Мирчин од Сојузната агенција за вработување.

Недостигот од стручна сила може и побргу да биде задоволен, да нема недостиг од воспитувачи. Во Хондорф во покраината Саксонија живее Ангела Бухајм. И таа е невработена, радо би работела по втор пат во животот како воспитувачка, но апсурд е дека не смее:

„Разочарана сум од политиката, оти не го бара вистинскиот пат, туку зборува за преобука на невработени за оваа професија, а образовани воспитувачи не можат да добијат шанса“.

Бухајм била воспитувачка во некогашната Источна Германија. По обединувањето на земјата детската градинка била затворена, а таа морала да изучи нова професија. Денес е невработена, а радо пак би сакала да биде воспитувачка во градинка. Но, веќе не може да бара да и’ биде признаена дипломата. Рокот неодамна истече и веќе не се прави неопходното доусовршување од само 120 часови. Иста судбина снајде многу воспитувачки од некогашната Источна Германија, кои во меѓувреме имале друга работа.

Deutschland Private Kita auf Rügen

Уште поапсурдно е дека Ангела Бухајм не смее да посетува преобука за воспитувачи, каква што планира Агенцијата за вработување. Причина е дека покраините мораат да ги плаќаат трошоците од третата година на преобуката, а многу од нив - па и Саксонија, го одбиваат тоа.

„За тоа како стои со финансирањето на третата година, во моментов наши колеги на лице-место разговараат со покраинските влади, кои мораат да обезбедат финансирање на третата година на преобуката. Фактички тоа се бара од нив“, велиИлона Мирчин од Сојузната агенција за вработување.        

Но, кај речиси половината од покраините Агенцијата за вработување наидува на ѕид. Проектот е во критична фаза и во прво време ни оддалеку нема да биде постигнат планот за преобучување на пет илјади невработени. Досега има само неколку пилот-проекти како овде во Франкфурт. А тоа е капка врз врел камен. Во детската градинка во која работи Тереза Ал Џилали во наредната година ќе останат непополнети четири места за воспитувачки, кои се итно неопходни.