1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сеќавање на ужасот во Нагасаки

Нагасаки денеска (09.08.10) ја одбележува 65-годишнината од американскиот атомски напад во Втората светска војна. Бомбите фрлени врз Нагасаки и Хирошима го соочија светот со катастрофалната моќ на нуклеарното оружје.

default

Нагасаки 2010

Три дена по Хирошима и во Нагасаки беше одбележана 65 годишнината од фрлањето на американската атомска бомба. Во точно 11 часот и 2 минути по јапонско време присутните на церемонијата со минута молчење им оддадоа почит на жртвите. Тоа е точното време во кое на 9 август 1945 година американската нуклеарна бомба наречена „Дебелиот“ експлодираше над градот. 74 илјади луѓе ги загубија животите во експлозијата и подоцнежните последици од неа.

Puzzlebild Triptychon Japan Hiroshima und Nagasaki Galeriebild 3

Пустошот од атомската бомба

Јапонскиот премиер Наото Кан денеска истакна дека неговата земја е одлучна во ставот да не располага со нуклеарното оружје и стои на чело на напорите за свет без нуклеарно оружје.

За разлика од церемонијата во Хирошима пред три дена кога за првпат во историјата на ваквите комеморации присуствуваше и американска делегација, во Нагасаки немаше претставник на САД.

Инаку по атомските напади врз Хирошима и Нагасаки во кои загинаа стотици илјади луѓе на 15 август 1945 година Јапонија објавува безусловна капитулација. Со тоа заврши и Втората светска војна, но светот се соочи со катаклизмичката моќ на нуклеарното вооружување, а подоцна и со трката за атомска надмоќ во светот.

Автор: СН/ АТ/ дв

Редактор: Алексанра Трајковска