1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сеќавање на катастрофата во Чернобил

Владите на Русија и Украина речиси заборавија на катастрофата во Чернобил. Но, населението се‘ уште секојдневно ги чувствува последиците. Меѓународната организација Лекари против атомската војна одржа средба во Берлин.

default

И покрај катастрофата во Чернобил, Украина не се откажува од нуклеарните централи

На 26 април 1986 година, пред точно 25 години, експлодира четвртиот блок од нуклеарната централа во Чернобил, во денешна Украина. Резервистот во советската армија Владимир Анатолевич Гудов беше повикан на должност веднаш по несреќата. „Седум месеци, 206 дена и ноќи, се градеше саркофагот над четвртиот реактор. Тогаш тоа беше гигантска, титанска работа“, вели Гудов.

Задоцнета реакција на властите

IPPNW-Kongress 2011

Светлана Кабанзова, наставник во Костјуковичи во Белорусија

Гудов беше еден од 800.000 работници, т.н. ликвидатори, чија задача беше стопирање на опасното зрачење. Радиоактивното зрачење не може да се види, нема мирис и вкус, а луѓето добиваа скудни информации. Светлана Кабанзова, наставник по германски јазик во Костјуковичи во Белорусија, се сеќава на првите денови по катастрофата: „Со автомобилот заглавивме на песочниот пат. На полињата земјоделците работеа во радиоактивниот прав. Децата играа на отворено, оти времето беше прекрасно.“

Властите дејствуваа постапно и евакуираа луѓе од најозрачените области. Но, помошта стигна доцна за многумина, кои умреа или добија заболувања. Валентина Смолникова, лекарка во Буда-Кошељово во регионот Гомел во Белорусија, со децении е сведок на страдањето на нејзините пациенти:

„Чернобил и Фукушима се полоши од војна.“

Војната има крај, вели таа, а последиците од нуклеарната катастрофа се долгорочни. Повеќе од половината од децата во регионот Гомел денес се раѓаат со деформитети и заболувања. Кабанзова вели дека постојано се вршат мерења на радиоактивното зрачење, луѓето учат за заштитата и заболувањата од зрачењето, и сфаќаат колку се беспомошни.

Но, не се беспомошни само сведоците на катастрофата, туку и наредните генерации. Во меѓувреме повеќе студии потврдуваат дека радиоактивното зрачење ги оштетува хромозомите.

Украина планира изградба на нови атомски централи

Eingang Tschernobyl Stadt

Луѓето во регионот на Чернобил се‘ уште ги чувствуваат последиците од катастрофата

Лекарката Валентина Смолникова не чувствува бес поради нуклеарната политика на светската заедница, туку сочувствува со луѓето кои никогаш повеќе не можат да се вратат во непосредната околина на Фукушима. „Нема војна, но одеднаш се употребуваат воени термини како евакуација, смртоносна зона и хуманитарни загуби. Тоа значи дека луѓето страдаат, заболуваат и умираат. Тоа трае долго, не се знае кога ќе заврши, дали ќе има уште една експлозија“, вели Валентина.

Украина, како и многу други земји, планира изградба на уште две атомски централи. Владимир Гудов, како и другите преживеани кои учествуваа во расчистувањето по катастрофата во Чернобил, велат дека повторно би учествувале во таква акција, оти имаат искуство. Гудов заедно со други сведоци на катастрофата напиша книга за искуствата од Чернобил. Поради тоа за една четвртина му беше намалена ионака малата пензија. За изминатите 25 години Гудов заклучува:

„...глупоста на луѓето е бескрајна.“

Автор: Улрике Маст-Киршнинг/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM