1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сеќавање на жртвите на националсоцијализмот

Денеска (27.01) се одбележуваат 67 години од ослободувањето на концетрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија. По тој повод, во Бундестагот ќе говори литературниот критичар Марсел Рајх-Раницки.

default

Денеска се одбележуваат 67 години од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц

Марсел Рајх-Раницки во времето на националсоцијализмот израснал во еврејско семејство и е еден од преживеаните на Варшавското гето. Во име на парламентот ќе зборува претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт. На собирот ќе присуствуваат и Сојузниот претседател Кристијан Вулф, канцеларката Ангела Меркел и други врвни политичари и претставници на здруженијата на жртвите.

Flash-Galerie 65 Jahre Befreiung Auschwitz

Одбележувањето не е за потсетување на жртвите, туку за да се потсетат што таму се случувало оние кои не морале да страдаат, велат од еврејската заедница во Германија

Денот на сеќавање на холокаустот во Бундестагот се одбележува од 1996 година. На 27 јануари 1945 година беа ослободени преживеаните во логорот Аушвиц. Оттогаш тој стана симбол за геноцидот на милиони луѓе, кои биле прогонувани и убивани од страна на нацистите.

Генералниот секретар на Централниот совет на Евреите во Германија Штефан Крамер, изјави дека денешниот ден е пред се’ за новите генерации. Не се жртвите на холокаустот тие што треба да се потсетат на овој ден, туку оние што не морале да страдаат, изјави Крамер за радиото НДР. „Притоа, мора да обезбедиме сеќавањето да не се претвори во студен ритуал, туку да ги допре срцата на луѓето и на идните генерации“, рече Крамер.

Автор: ЕМФ/ дв/ дпа

Редактор: А. Трајковска