1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сејдиу: независноста на Косово не е тема за преговри

*

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека не може да се преговара за независноста на Косово. “Во текот на целиот процес ние бевме конструктивни и така и ќе продолжиме заедно со меѓународната заедница” – рече Сејдиу по враќањето од Берлин и средбата со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Притоа, според него, станало збор и за тешкотиите со кои се соочува процесот на дефинирањето на статусот на Косово поради противењето на Русија. Сејдиу искажа надеж дека Германија и други фактори во ЕУ ќе се ангажираат за надминување на дилемите што можат да ги имаат некои членки на ЕУ и повтори дека во случај на поголеми одложувања во процесот, “Косово во соработка со ЕУ и други земји ќе бара алтернативни патишта за финализирање на статусот".