1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сеуште не се донесени никакви одлуки

Одлуката за проширување на НАТО ќе биде донесена денеска (03.04.08) - се очекува расправа - најавува Белата куќа во Вашингтон.

default

Белата куќа во Вашингтон

Не е донесена конечна одлука за проширувањето на Алијансата, изјави висок неименуван американски дипломат, доцна синоќа по завршувањето на вечерата на лидерите на земјите членки на НАТО. И покрај изјавата на портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај дека Грција не се согласила со поканата за Македонија, Белата Куќа на својата интернет-страница рано утринава по европско време лиферуваше брифинг на висок државен функционер кој вели дека одлуката за проширувањето на Алијансата со трите земји кандидати ќе биде донесена денеска.

„Не беше донесена одлука. Мислам дека утре не очекува добра дискусија. Во однос на трите држави кои бараат членство- Хрватска, Албанија и Македонија, постои јасен консензус дека сите три треба да бидат примени. Тоа беше јасно. Секако ќе има дополнителни дискусии и формална одлука утре. Што се однесува до Македонија, постои отворено прашање во однос на тоа со кое име ќе биде примена во НАТО. Ова е проблем со еден од сојузниците, но она што е интересно е дека сите држави веруваат дека тоа е единствениот проблем во врска со Македонија“, изјави американскиот дипломат.

Истиот извор вели дека на синоќешната вечера биле дискутирани ставовите на одделните земји членки на НАТО, но дека никакви формални одлуки не биле донесени. „Што се однесува до лидерската средба, и што се однесува до проширувањето, ќе повторам, не беа донесени никакви одлуки, ниту пак беше постигнат формален консензус. Мислам дека денешните дискусии ќе придонесат за утрешните дискусии да бидат попродуктивни и по насочени“, изјави синоќа американскиот дипломат.

Портпаролот на Стејт департментот, Шон Меккормак на вчерашниот брифинг уште еднаш повтори дека САД работат со Македонија и Грција на решавање на проблемот.

Инаку и американските медиуми резервирано јавуваат за најавеното грчко вето за приемот на Македонија и речиси ниту еден медиум не го претстави тоа како готова работа. Напротив фокусот е на одбивањето на европските земји да им понудат приближување на Украина и Грузија што се оценува како голем удар за администрацијата на Џорџ Буш.