1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Сеуште нема трага од извршителите

Истрагата за серијата напади во Дахаб, Египет досега нема знаци кои водат до извршителите. Во серијата напади што се случи вчеравечер, по локално време, има над дваесет загинати и неколку десетици повредени. Во туристичкото место, како што велат, очевидци, по нападите нема паника меѓу туристите.

Едно од местата на настанот

Едно од местата на настанот

Трета серија напади на полуостровот Синаи во рок од еднаипол година – 23 мртви, повеќе од 60 повредени. Тоа се официјалните бројки. Меѓу жртвите и едно дете од Германија, за чиј што идентитет властите не кажуваат ништо.

Напаѓачите нападнале вчеравечер, во 19 часот и 15 минути по локално време. Три бомби експлодирале непосредно една по друга во еден супермаркет и во два ресторани:

“Има многу тешки повреди“, вели лекарката Магда Гиргис, во болницата во Шарм ел Шеик. “Тие се движат од изгореници до преломи на коски. Некои имаат метални делови по целото тело.“

Две од три бомби во Дахаб биле активирани од атентатори самоубијци. Една од нив е можно да била бомба која се активира во определено време. Сепак, за надлежниот гувернер, Мохамед Хани Матвали, е сигурно:

“Нападите од Дахаб немаат врска со претходните напади во Таба и Шарм ел Шеик. Кај поранешните напади експлозивот беше посилен, а за самоубиствените напади беа користени и возила и луѓе.“

Надлежниот министер за внатрешни работи, Хабиб ал Адли е веќе долго време на функција и затоа на печатот не сака да му презентира избрзани заклучоци:

“Сеуште истражуваме. Кога ќе имаме јасна слика можеме да направиме и точна проценка – зошто нападите се случија токму овде. Тоа е тероризам. Терористите бараат соодветно време и место за да ја дестабилизираат земјата.“

Досега нема писмо во кое се презема одговорност со нападот, ниту пак трага од извршителите. Досега има само претпоставки. Дваесетина лица се уапсени, но нема ништо конкретно.

Тероризмот дојде во Дахаб, но туризмот си тече и натаму. Големо бегство од Дахаб нема, вели германската учителка по сурфање, Елке Додашчи:

“Во моментов има “бизнис ес јужуал“, секој се бања, воопшто нема паника. Дури и луѓето не разговараат или не ни доаѓаат за да прашуваат што се случи. Тие воопшто немаат страв и не плачат, ниту пак, се хистерични.“

По нападите во Шарм ел Шеик избегаа голем број туристи. Во Дахаб, каде дојдоа многу нуркачи и спортисти на вода, не е така. Тие и покрај нападите ќе доаѓаат и натаму.