1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сеуште без согласност за заострени санкции против Иран

*

Петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија повторно не донесоа одлука за заострување на санкциите против Иран , поради неговата спорна атомска програма . На средбата во Лондон , меѓутоа водечки дипломати на САД, Велика Британија , Франција, Русија Кина и Германија на се договорија да ги сочекаат извештаите на Меѓународната агенција за атомска енергија и на високиот претсавник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, кои треба да бидат поднесени на средината од овој месец. Раководството во Техеран ги отфрли барањата да прекине со својата атомска програма поставени во досегашните две резолуции на ОН.