1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сеуште без коментари за средбата во Њујорк

Македонските власти не ја коментираат последната неуспешна рунда во Њујорк. Аналитичарите пак имаат различни ставови како да се надмине проблемот.

default

Поранешна средба на Метју Нимиц со македонскиот државно - владин врв

Дводневните разговори во Њујорк на амбасадорите Никола Димитров и Адемантиос Василкаис со посредникот Метју Нимиц не донесоа решение за спорот меѓу Македонија и Грција околу уставното име на Република Македонија. Засега нема јавни изјави или соопштенија од држано владиниот врв за блокадата во преговорите. На јавноста, позициите на Република Македонија ќе и бидат претставени по враќањето на амбасадорот Никола Димитров од Њујорк и дополнителните консултациите со сите политички партии во Македонија, најави портпаролот на македонската влада Ивица Боцевски. На внатрешната политички план пак судир меѓу власта и опозицијата. Лидерката на опозиционата СДСМ Радмила Шеќеринска и премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во парламентот водеа жестоки дебати околу мотивите и организаторите на митингот за зачувување на устваното име и посебно околку обидите за нов нападот врз грчката амбасада во Скопје. Во албанскиот блок се чини дека се најавени првите резерви. „Груевски како однапред да има цврсти позиции, бидејќи нема да попушти за името, Македонија нема да добие покана за НАТО“, кажа Џевад Адеми, висок функционер на ДУИ, за Радио Слободна Европа. За надминување на недоразбирањата, како што најави и владиниот портпарол, насокоро ќе има нова средба на државно владинот врв и политичките партии. Македонија во меѓувреме со особено внимание ќе го следи и престојот на генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер во Атина. Можното грчко вето - преседан во Алијансата Поранешниот македонски министер за надворешни работи и сега главен уредник на Форум, Слободан Чашуле вели дека, ако НАТО сака безбедност во регионот и доколку ги почитува македонските ангажмани во меѓународните мисии во светот, каде што Грција практично нема свои војници, Македонија неопходно ќе мора да добие покана за НАТО. Околу ветото Чашуле истакнува „Алијансата мора да ја прими Република Македонија, а на Грција да и укаже дека нејзиното вето на кое нема право, оти во механизмите за прием, прво не постојат механизми, второ што е ветото, Грција во процедурата на молчење да каже НЕ, па тоа е криза на НАТО, првпат во историјата на оваа Алијанса ќе се случи земја која има политичка воља да биде членка и земја која партиципира да не биде примена.“ Други експерти, кои засега не сакаат да дадат јавни оценки велат дека по последните блокади во Њујорк треба да бидат прекинати преговорите со медијаторот и спорот да се пренесе во ОН, за да се избегнат шансите за вето на Грција за македонските евро - атлански апсирации. Експерт од приватниот универзитет Фон, за Дојче Веле, повеќе неофицијално вели дека можеби е време и за нова грчко - македонска спогодба за взаемните државни релации.

DW.COM