1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Серија торнада направија пустош низ централните американски држави

Најмалку едно лице го загуби животот, а десетици се повредени во големото невреме проследено со торнада и обилни врнежни од дожд во централниот дел на САД.

Американскиот Среден запад во текот на вчерашниот ден беше зафатен од серија торнада и невреме во кое животот го загубило најмалку едно лице, а десетици се повредени. Најсилното невреме било забележано во државите Оклахома, Канзас и Ајова, каде се уништени голем број домови и електрични инсталации.

Во градот Шони во Оклахома, торнадото минало директно низ камп со мобилни домови (трејлери) и таму е пријавено единствената жртва. Очевидци велат дека торнадото било со огромна силина и буквално збришало се' пред себе. Жителите кои навреме се засолниле во подземните скривалишта, велат дека откако излегле од нив повеќе не можеле да ја препознаат околината, ниту да си ги пронајдат домовите.

Според американската метеоролошка служба, големото невреме загрозува огромен дел од САД, од Тексас на југ до Минесота на северот на земјата,

Tornado in Oklahoma USA

Градчето Шони во Оклахома по невремето

Во повеќето градови во сојузните држави каде досега мина бранот прекинати се линиите за довод на електрична енергија, а без струја останале неколку илјади домови. Предупредувањата за приближувањето на големата бура беа издавани уште од средината на минатата недела.

Првиот бран мина во четвртокот низ Тексас. Во десетте торнада кои минаа низ оваа сојузна држава загинаа најмалку шест луѓе, а десетици беа повредени.