1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Серија напади во Ирак со мртви и повредени

Во серија напади во Багдад и делови на Ирак, загинаа најмалку 50 лица, а повредени се околку 200 луѓе. Во главниот град имало и престрелки.

default

По нападот во Багдад

Само во нападите во Багдад, во пет квартови, загинале околу 20 луѓе, се вели од министерството за внатрешни работи на Ирак. Цели на останатите напади биле повеќе места во провинциите Салахедин на север и Диџала во централен Ирак. Нападите ги извршиле вооружени групи со автомобили бомби и бомби поставени покрај улици. Според арапската телевизија Ал Арабија, цел на повеќе напади биле полицајци. Ова е најкрвавата серија напади по самоубиствениот напад врз шиитските аџии во Басра, на југот на Ирак, во кој на 14 јануари загинаа 53 луѓе. Бројот на нападите од 2006 година постојано е во опаѓање, но се‘ уште има денови со голем број мртви. Во јануари во Ирак животот го загуби 151 лице.

Насилството забележа пораст откако американските трупи се повлекоа од таа земја, во декември минатата година. Центар на судирите е борбата за превласт меѓу шиитското мнозинство и сунитското малцинство. Во времето на екс-диктаторот Садам Хусеин, сунитите ги имаа сите важни функции во владата, во армијата и во безбедносните сили.

Автор: ЕМФ/ дпа/ афп

Редактор: А. Трајковска