1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Серија крвави бомбашки напади во Багдад

Бранот насилство во Ирак не запира ни за време на Рамазан, синоќа, кога беа полни улиците непознати сторители во провинцијата Багдад активираа експлозивни направи на повеќе места.

Бран од атентати во ирачката провинција Багдад ноќеска го однесе животот на најмалку 65 лица. Во нападите се повредени најмалку 200 лица.

Серијата од повеќе атентати со автомобили бомби и експлозивни направи поставени крај патот го потресоа и главниот град Багдад во текот на ноќта, притоа загинаа најмалку 30 лица. Автомобилите бомби се активирани главно во шиитските квартови. Улиците и плоштадите во тоа време беа преполни со луѓе кои во тој период го прекинуваат дневниот пост во текот на Рамазан. Досега никој не ја презеде одговорноста за очигледно координираната акција.

Ова е најкрвав координиран напад во Ирак од почетокот на јули, во кој билансот на жртвите веќе изнесува 500 загинати.

Според експертите за новиот бран насилство во оваа година е виновно незадоволството на сунитското малцинство во однос на претежно шиитската влада на премиерот Нури ал Малики. Со тоа расте стравувањето од враќање на состојбата од 2006 и 2007 година, кога милитантните припадници на двата исламски верски правци се пресметуваа меѓусебно без обзири кон цивилното население. Тензиите се зголемени и поради граѓанската војна со воседна Сирија. Таму синитите и шиитите од Ирак се борат на различни страни.