1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Серија експлозии во Багдад

Бројот на жртвите во експлозијата на подметната бомба пред универзитетот во Багдад постојано расте. Последната е 40 загинати, а над 34 повредени.

Експлозија во Багдад

Експлозија во Багдад

Полицијата соопшти дека напаѓачот на себе имал облечено јакна полна со експлозив и го активирал при обидот да влезе во зградата на економскиот факултет, но обезбедувањето го спречило. Но, во ирачкиот главен град денеска се случија повеќе експлозии во различни делови на градот. Една од бомбите експлодирала во позната шиитска населба, но се уште не е познат бројот на жртвите од тој напад. Агенциските извештаи се различни. Две лица пак загинаа во експлозија на автомобил бомба поставен пред иранската амбасада во Багдад. Овие напади следат по вчерашната серија од триесет експлозиии кои се случија во југо источните делови на градот. Тие се одговор на големата офанзива на американските и ирачките безбедносни сили која започна пред единаест дена. Американски авиони синоќа бомбардирале позиции на бунтовниците. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики изјави дека во акцијата биле ликвидирани четиристотини бунтовници, а голем број се уапсени.