1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Серија бомбашки напади во Ирак

Во серијата бомбашки напади во Ирак денеска (30.09) според безбедносните сили загинале најмалку 23 лица, а биле ранети осумдесетина. Од Киркук до Кут експлодирале авомобил бомби и експлозивни направи.

Се работи веројатно за координирана серија напади на бунтовниците низ целата земја, од северот до југот. Главна цел биле полициски контролни пунктови.

Најсмртоносен беше нападот во Таџи, град на 20 километри северно од Багдад, каде при експлозија на три паркирани автомобил-бомби загинаа осум лица, а 23 се ранети.

Четворица полицајци загинаа кога бомбаш самоубиец го активира експлозивот поставен во автомобилот што го управувал во градот Кут, на 150 километри североисточно од Багдад.

Две лица загинаа при експлозија на паркиран автомобил-бомба во северозападниот дел на Багдад, едно лице загина, а неколкумина полицајци се ранети при експлозија на бомба на пазар во местото Хан Бани Саад, на 30 километри североисточна од ирачкиот главен град.

Уште двајца полицајци загинаа при експлозија на автомобил-бомба во градот Балад Руз, на 90 километри северосточно од Багдад.

Досега никој не презеде одговорност за овие напади. Ирачкото крило на терористичката организација на Ал Каеда, Исламска држава во Ирак летоска најави офанзива за ослободување на затворените членови и приврзеници на организацијата.

Во четвртокот бунтовниците го нападнаа затворот во централноирачкиот град Тикрит при што избегаа околу сто затвореници. Според министерството за внатрешни работи, речиси 50 од нив припаѓале на организацијата Исламска држава во Ирак. Четворица од затворениците беа убиени, 23 повторно уапсени, другите се во бегство.