1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сервер: Спорот за името не е високо на агендата на Вашингтон

Поранешниот американски пратеник на Балканот, Даниел Сервер за МИА вели дека ќе има малку повеќе напредок ако меѓународната заедница се повлече и ги принуди Атина и Скопје директно да се занимаваат со спорот за името.

default

Даниел Сервер

Професорот на универзитетот Џонс Хопкинс Даниел Сервер во разговор за македонската новинска агенција МИА, го образложува неговиот предлог за запирање на посредничката улога на Обединетите нации во спорот за името. Сервер вели дека сигналот од меѓународната заедница дека спорот мора да го решат Македонија и Грција, а не некој од надвор, би можел да поттикне директни разговори меѓу двете страни.

Griechenland Mazedonien Bildkombo Flaggen

„Мислам дека спорот за името веќе не е толку важно прашање за Американците. Американците ја донесоа својата одлука, ја признаа Македонија под уставното име, и мислам дека другото го сметаат за работа меѓу Скопје и Атина. Имаме и Американец посредник, повеќе од 20 години, и тоа е уште еден вид посветеност. САД се решени да го одржат ова ниво на посветеност, но идејата дека ова прашање е високо на агендата на списокот на приоритети во Вашингтон не е точна“, истакнува поранешниот американски пратеник на Балканот.

жлинксж Сервер уште смета дека САД прашањето за името го имаат пратено назад пред Атина и Скопје, со повик дека тие треба да го решат и оти Американците не сакаат да бидат тие што ќе го решаваат прашањето.

„Мислам дека ќе има малку повеќе напредок ако меѓународната заедница се повлече назад и ги принуди Атина и Скопје директно да се занимаваат со ова“, вели Сервер, кој уште се осврнува и на внатрешниот и надворешниот притисок врз двете земји за решавање на прашањето за името: „Од домашна страна, врз Грција нема никаков притисок. Од надвор, ако Американците ја признале Република Македонија како Република Македонија, тоа е притисок врз Грција, не ни можеме да бараме повеќе. Ми се чини дека никој не сака решение на овој спор повеќе од Македонија и Грција. Јас разбирам дека некои политичари во Македонија може да речат дека актуелната ситуација е добра. Сите веќе велат Македонија, освен Грците, и тоа е во ред за нив. Единственото важно прашање е Македонија да биде примена во НАТО сега, а да влезе во ЕУ во иднина. Тоа е причината зошто е потребно решение. Според мене, Времената спогодба е вистинското решение за НАТО, и би сакал кога би можел да ги убедам во Вашингтон во тоа. Но, јасно е дека Времената спогодба не е доволна за прием на Македонија во ЕУ, и мислам дека политичарите во Македонија совршено добро знаат дека ова прашање ќе мора да се реши како дел од интеграциите во ЕУ“, вели Сервер во разговорот за МИА.

DW.COM