1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Сервер: Во Чикаго да се исправи неправдата од Букурешт

Даниел Сервер се заложи за влез на Македонија и Црна Гора во НАТО на самитот во Чикаго во мај, оценувајќи дека само на тој начин ќе биде исправена неправдата кон Скопје од последниот самит во Букурешт.

default

Даниел Сервер: единствена пречка за Македонија е спорот за името

Сите земји од Западен Балкан треба да станат членки на Европската унија и НАТО и САД треба да продолжат да пружаат поддршка на тој процес, беше оценето на трибината на Американскиот Хелсиншки комитет во Вашингтон.

На значењето на евроатлантските интеграции укажаа конгресмените Крис Смит и Елиот Енгел, оценувајќи дека НАТО може да има значајна улога во транзицијата на регионот.

Конгресмениот Смит, учествувајќи на собирот „Западен Балкан и НАТО- самитот 2012“ рече дека проблемите на Косово и БиХ покажуваат дека Северноатлатнтската алијанса треба и натаму да биде присутна во регионмот.

„Другите проблеми, како што се Авганистан, ракетниот штит, Либија или кризата во еврозоната не смеат да не‘ оддалечат од долгорочната цел, а тоа е влез на земјите од Западен Балкан во НАТО“, рече Смит.

Да се исправи неправдата кон Македонија

Даниел Сервер од Џон Хопкинс Универзитетот се заложи за влез на Македонија и Црна Гора во НАТО на Самитот во Чикаго во мај, оценувајќи дека само на тој начин ќе биде исправена неправдата кон Скопје од последниот самит на северноатлантската алијанса.

„Во петокот зборував со бригадниот генерал Вилијам Рој, кој од вермонтската Национална бригада во 2010-та година на шест месеци беше распореден во Авганистан, заедно со македонските трупи. Тој вели: ’Според сите критериуми тие ја извршуваат мисијата според највисоките стандарди. Беа вклучени во голем број тактички задачи против непријателските сили, најимпресивен беше развојот на подофицерскиот кадар, што е клучно за една добро обучена и дисциплинирана армија’“.

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne

Името е единствената пречка

Во своето излагање Сервер уште вели дека единственото нешто кое Македонија ја дели од членството во НАТО е разликата околу името со Грција, што беше главна пречка за земјата да се зачлени во Алијансата на Самитот во Букурешт во 2008-ма година. Подоцна, меѓународниот суд на правдата пресуди дека Грција го прекршила Привремениот договор со властите во Скопје со тоа што го блокираше членството во Букурешт.

„Верувам дека е време да се исправи неправдата направена во Букурешт. Чикаго е местото. На НАТО самитот треба да се испрати покана за членство со Поранешната република Македонија или до Македонија или до кое и да е име за кое ќе се согласат Скопје и Атина. САД мора на Грција јасно да и‘ укажат дека е неприфатливо повторување на грешката од Букурешт, како што впрочем и Меѓународниот суд на правдата веќе одлучи“.

Според него, БиХ, Србија и Косово не се подготвени за влез во НАТО.

Нида Гелазис од Вудро Вилсон центарот оцени дека за влез на Македонија во НАТО треба да се почека договорот меѓу Скопје и Атина.

Што се однесува на влезот на Србија во НАТО, Сервер рече дека тоа е одлука која прво треба да ја донесе Белград, но дека за членство треба да покаже дека го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на своите соседи.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски