1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сепаратистите сметаат дека сами ќе бидат посилни

Во Шкотска, Баскија, Фландрија и во Јужен Тирол се во подем сепаратистичките движења. Економската криза во Европа се продлабочува, луѓето во тие региони сметаат дека сами ќе бидат посилни.

Во Шкотска живеат околу пет од вкупно повеќе од шеесет милиони жители на Велика Британија. Тие си ја зачуваа својата сопствена култура. Сега Шкотланѓаните сакаат повеќе од тоа - во 2014 година ќе гласаат за независност. Еден од приврзениците за отцепување од Велика Британија е Пол Мартин, специјалист за банки за податоци.Тој верува дека за Шкотска би било подобро да е независна.

„Британската влада во моментов бара да скратиме многу социјални погодности. Не верувам дека луѓето во Шкотска се согласуваат со тоа. Независна Шкотска би се однесувала пофер со своето население“, вели Пол Мартин, специјалист за банки за податоци.

Шкотскиот референдум е пример за углед за многумина сепаратисти во цела Европа. Но, се поставува прашањето - кој, всушност, е Шкотланѓанец?

Bildgalerie Separatismus in Europa Schottland

Една третина од Шкотланѓаните се за независност од Велика Британија

„Секој што живее и работи во Шкотска, е Шкотланѓанец, се’ едно од каде потекнува. Тоа нема врска со крвта или потеклото. Важно е сега и овде“, вели Мартин.

Во економската криза повеќе богати региони го креваат гласот. Сепаратистичките движења се во подем, не само во Шкотска, туку и во Баскија во Шпанија, во Фландрија во Белгија или во Јужен Тирол во Италија. Јужен Тирол до крајот на Првата светска војна припаѓаше кон Австрија, потоа беше присоединет кон Италија. Денес оваа автономна провинција е најбогата во Италија и има една од најниските стапки на невработеност во целата ЕУ - 4,1 проценти. Партијата Слобода на Јужен Тирол, една од помалите опозициски партии во покраинскиот парламент, постави свој штанд во Мерано. Таа има прилив, посебно од млади луѓе.

„Нас најмногу не’ иритира дека ние треба да плаќаме за целиот италијански долг, за кој не сме виновни. Ние никогаш не бевме Италија. Јужен Тирол културно е дел од Австрија и никогаш не се стремел кон опстанок во Италија“, објаснува Ханес Инерхофер од партијата Слобода на Јужен Тирол.

Околу 70 проценти од населението овде зборува германски, една четвртина италијански и едно малцинство зборува реторомански. За јужнотиролците долг е патот до референдум за осамостојување.

Во Шкотска тој сон е веќе на дофат. Националистичката партија СНП освои убедливо мнозинство на последните регионални избори. Таа наметна референдум за независност.

Уште е неизвесно каков ќе биде исходот. Во селата во Шкотска е особено голема поврзаноста со земјата и нејзината култура. Кај акумулационото езеро Данкерен е сместена образовна установа во која се држи настава по историја на Шкотска. Во селото, налик на средновековно, го слават историскиот Хеловин. Празникот на морничавоста потекнува од Шкотска. На Хеловин се прикажува од што некогаш се плашеле Шкотланѓаните. Но, негувањето на културата не е секогаш и израз на волја за независност.

Südtirol Altstadt von Bozen

Во Јужен Тирол веруваат дека ќе им биде подобро без Италија

„Јас сум против. Не верувам дека политички можеме да опстоиме“, вели еден маж.

„Би било подобро за Шкотланѓаните, но не од финансиски агол“, смета друг постар господин.

„Ако сите се отцепиме, ќе имаме мали земји, на кои ќе им оди лошо“, верува друг Шкотланѓанец.

Одвај една третина од Шкотланѓаните досега се за независност. Националистичката партија, според анкетите, победи поради економската компетентност.

Во Јужен Тирол, напротив, анкетите велат дека околу 60 проценти од населението се за отцепување од Италија. Ефрем Оберлехнер е мајор на Здружението на стрелците, во кое ги негуваат тиролските обичаи. Тие се за отцепување од Италија. И мнозинството е за тоа, но од други причини.

„Економската ситуација придонесува се’ повеќе луѓе да размислуваат околу тоа, дека Јужен Тирол без Италија би било подобро“, вели Оберлехнер. Јужен Тирол навистина нема чувство дека е Италија.

Активистите за референдумот во Шкотска во 2014 година веруваат во успехот на нивната кампања. Ако победат, тие би можеле да повлечат и региони како Јужен Тирол. Ликот на Европа би се променил.