1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сепак такра - нова игра од Азија

Една азиска игра со топка ја освојува Германија: Сепак такра значи „удри ја летечката топка“, што е мешавина од бадминтон и фудбал.

Во еден хамбуршки клуб напорно се тренира сепак такра. Да се испрати топката во противничкото поле не е толку едноставно.

„Човек треба едноставно да има храброст за да го направи ова завртување. А ако се нема храброст, тогаш не се ни прави овој обид, човек не се фрла, не се повредува. Мислам дека ми требаа околу три години за да го успеам тоа,“ вели Трунг Тран, германски национален играч.

Во Тајланд и во Малезија секое дете знае за сепак такра, играта се учи и во училиште. А врвните натпревари на професионалците се пренесуваат во живо на телевизија.

Гледај видео 02:24

Удри ја летечката топка!

На Светското првенство во септември во Тајланд учествуваше и Германија и дури ја освои светската титула во аматерска класа.

Хамбуршките играчи се сметаат за најдобрите во Германија, но против конкуренцијата од Азија речиси немаат шанса.

„Кај нив тоа е национален спорт, како кај нас фудбалот, се разбира тие се платени за да играат како професионални сепак такра играчи. Ние тоа го правиме од хоби, но се трудиме следната година да можеме да држиме чекор“, истакнува Трунг Тран.

Играчот Кристијан Рик дополнува: „Ние имаме проблем што во Азија противниците имаат многу побрз удар, многу побрзо ја удираат топката отколку кај нас, па ние на овој удар мораме да се навикнуваме малку со помошни средства“.

Со скваш - рекет се симулираат удари со брзина од 100 километри на час. Постојано се бара подмладок, вели Рик: „Во принцип, добредојден е секој кој има желба ова да го проба, мислам дека тоа може да биде од 13, 14 години, порано е можеби малку потешко. Да се внесе желба во спортот, да се има чувство за топката не штети, но тоа и се научува ако малку се вежба“.

Досега во Германија има 7 спорстки клубови кои нудат сепак такра.

Аудио и видео прилози на оваа тема