1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сепак се движи!

Конјуктурата во Германија идната година повторно ќе заживее, со стапка од 1,2 проценти, прогнозираат петте водечки економски институти. Но, земјата ја очекува зголемување на невработеноста и државните задолжувања.

default

Кризата полека почнува да попушта?

Курсевите на берзите растат, фирмите повторно ја оценуваат својата деловна положба како добра, брутодомашниот производ од почетокот на летото се зголемува. Дали со големи чекори излегуваме од кризата? Не сосема, стои во есенската прогноза на водечките германски економски институти. Роланд Дерн од Институтот за економски истражувања во покраината Северна Рајна Вествалија предупредува од преголем оптимизам: „Сегашното подобрување во секој случај не е трајно. Знаците за опоравување на извозното стопанство, погодено од светската рецесија, се множат, но на патот на брз подем има уште кочници.“

На прво место, тоа се изгледите на светската конјуктура, кои се умерени, ако се изземат земјите во засилен развој и Азија, каде состојбата веќе е подобрена. Но, германското стопанство малку може да профитира од тоа, зашто повеќе од три четвртини од сегашниот извоз оди во ЕУ и САД.

Раст на невработеноста и државниот долг

Wirtschaftsforschungsinstitute Herbstgutachten 2009

Прогноза на економските институти

Во бројки тоа би изгледало вака: во 2010 година се предвидува пораст од 1,2 проценти, по минусот од пет проценти во тековнава година. Кон тоа доаѓа и очекуваната бројка од повеќе од четири милиони невработени. Сценарио кое не навестува ништо добро за јавниот буџет. Експертите очекуваат нови задолжувања од 127 милијарди евра во идната година. Дефицитот со тоа ќе порасне на повеќе од пет проценти од економскиот развој, што значително го ограничува маневарскиот простор на идната влада, како што истакнува Каи Карстенсен од ИФО институтот во Минхен:

Sparschwein mit Bundesadler

Државата ќе треба да штеди

„Во основа, обидот на државата да ги растовари граѓаните од даноци е за поздравување. Тоа го поттикнува развојот, деловноста, може да ги намали работните трошоци и да ја зголеми конкурентноста. Но, тоа мора некако да се финансира, а преку кредити не е можно. Значи оние кои бараат намалување на даноците, треба да предложат истовремено како ќе го порамнат големиот дефицит.“

Затоа, економските експерти во есенската прогноза од владата експлицитно бараат да штеди. Не веднаш, но во 2011 година, кога конјуктурата ќе се стабилизира, треба да се започне со намалување на дефицитот.

Автор: Сабине Кинкарц/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска