1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сепак седми степен на опасност

Јапонските власти денеска и официјално го покачија нивото на опасност од атомската централа Фукушима 1 на највисокиот степен. Тоа значи дека таа има сериозно влијание врз околината и здравјето на луѓето и пошироко.

Контролната просторија во Фукушима 1

Контролната просторија во Фукушима 1

Националната Агенција за атомска енергија не можеше повеќе да одолговлекува и денеска и официјално ја означи катастрофата во постројката Фукушима 1 со највисокиот степен на опасност.

„Врз основа на податоците што ги имаме од 18. март до денес, мораме да го подигнеме нивото на опасност на седмото. При тоа мора да се каже дека количеството радиоактивност што овде избега од реакторите претставува само една десетина од она што излезе од Чернобил“, порача претставникот на Агенцијата за атомска енергија на Јапонија, Хидехико Нишијама.

Натамошни споредби

Тешки оштетувања на реакторите

Тешки оштетувања на реакторите

Тој додаде дека станува збор за привремена проценка, бидејќи конечната е во надлежност на меѓународната Агенција за атомска анергија. И на оваа прес-конференција беше видлив обидот на јапонските власти да го намалат обемот на нуклеарната катастрофа преку споредби со Чернобил.

„Овде во Фукушима имавме експлозија поради собирање на кислород под покривот на едниот од реакторите. Но, при тоа внатрешната обвивка на реакторот остана главно неоштетена. Таму има пукнатина, но таа не може да се споредува со Чернобил.“

Она што не го кажува претставникот на јапонската Агенција за атомска енергија, тоа е фактот дека во Чернобил експлодирал еден реактор, додека во Фукушима 1 во прашање се четири хаварисани реактори и згора на тоа четири басени со потрошен радиоактивен материјал, кој меѓутоа и понатаму е опасен за околината.

Силно зрачење по цунамито

Опасност во поширокиот регион околу Фукушима 1

Опасност во поширокиот регион околу Фукушима 1

Паралелено со покачувањето на степенот на опасност од Фукушима 1, во јапонската јавност проструи и информацијата дека кусо по цунамито, предизвикано од катастрофалниот земјотрес пред еден месец, дошло до драстично зголемување на радиоактивното зрачење и тоа на 10.000 терабекерели на час. Моментално зрачењето од Фукушима е сведено на еден терабекерел на час.

Работата на атомските експерти кај Фукушима е дополнително отежната со силните последователни земјотреси што го погодуваат загрозениот регион. Утринава соработник на фирмата Тепко дури информира за нов пожар:

„Не’ известија дека имало пожар во близина на објектот што го носи бројот четири. За негово гаснење беше ангажирана пожарникарска бригада на армијата. Во моментов таму нема ниту пламен, ниту пак чад.“

Автор: Хорст Клојзер / Горан Чутаноски

Редактор: Трајче Тосев