1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сенки врз револуцијата-Тунис една година по Бен Али

Тунис доживеа турбулентна година-на 14-ти јануари 2011-та година побегна диктаторот Бен Али, владата и парламентот работат на нов устав. Но, на многумина Тунижани не им е до славје.

default

Една година по почетокот на „Арапската пролет“

Илјадници жители на Тунис се собраа денеска на познатиот булевар „Хабиб Бургиба“ во главниот град Тунис за да ја одбележат првата годишнина од соборувањето на режимот на поранешниот претседател Зин ал Абидин бен Али и да го изразат своето право на работа и достоинствен живот.

„Се спасивме и те испративме на вистинскиот пат!“, пееја демонстрантите и го извикуваа познатиот слоган „Бен Али надвор“, кој беше популарен за време на револуцијата.

Незадоволство од резултатите

Некои од демонстрантите пристигнаа со своите жени и деца пред зградата на Министерството за внатрешни работи, симбол на претходниот режим, каде се одржа последниот протест пред бегството на Бен Али.

Tunesien Demonstration Tunis Fahne Flagge

Слободата добиена по висока цена

Демонстрантите извикуваа „Работа, слобода и достоинство“, „Работата е право на секого“, „Тунижани останете исправени“ и „Битката ќе продолжи“.

„Ја извршивме таа револуција против диктатурата за да го добиеме нашето право на достоинствен живот, а не да им помагаме на некои опортунисти да ги остваруваат своите политички амбиции“, вели 33-годишниот Салем Зитуни, еден од учесниците во демонстрациите. Други, пак бараа убиените во протестите да бидат прогласени за маченици.

Во Тунис разочарувањето е поголемо од трпението. Околу 20 проценти од луѓето се без работа, дури и младите академски образовани луѓе. Туризмот секна, стопанството стагнира, иневестициите изостанаа. Тоа се последиците на економската криза, но и на револицијата-висока цена за слободата.

Се заканува повторување на историјата, велат песимистите.

Прослава со учество на бројни гости

Во одбележувањето на првата годишнина од соборувањето на режимот се очекува да учествуваат повеќемима арапски лидери. Меѓу најважните гости се алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика, емирот на Катар Хамад бин Халфа ал Тани и претседателот на либискиот Преоден национален совет, Мустафа Абдул Џалил.

На официјалната церемонија во Конгресната сала во градот Тунис се очекува да присуствуваат и претставници на Мароко, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, изјави владиниот портпарол Самир Дилу.

Домаќини на настанот се новиот претседател на Тунис Монсеф Марзуки, премиерот Хамади Џебали и претседателот на Конститутивното собрание Мустафа бен Џафар.

Илјадници жители на Тунис се собраа на 14 јануари минатата година на булеварот „Хабиб Бургиба“ и пред Министерството за внатрешни работи извикувајќи „Бен Али надвор!“. Доцна попладнето истиот ден Бен Али, неговата сопруга Лејла и неколкумина нивни блиски соработници отпатуваа за Саудиска Арабија, каде се наоѓаат и во моментов. Со тоа беше ставен крајот на 23-годишното владеење на Бен Али. Според податоците на Обединетите нации во протестите против него лани загинаа околу 300 Тунижани, а 700 беа ранети.

Автор: ЖА/миа/дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM