1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сензација на годината!

Tрадиционалните британски авто-фирми „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ ги купи индиската фирма „Тата – моторс“.

default

Најефтиниот автомобил на светот „Нано„ производ на концернот „Тата„.

Целата зделка изнесува 2,3 милијарди долари со ветување дека нема да биде отпуштен ниту еден од 16-те илјади вработени.

Зделката уште не беше ни официјално соопштена, а индиската влада веќе славеше.

Министерот за стопанство Камал Нат преземањето на британските нобл авто-фирми „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ го оцени како нов доказ за конкурентската способност на фирмите од Индија: „Светот во Индија гледа веродостојна нација. Верува дека Индија е силна и способна да биде дел на врвни светски фирми. Му честитам на тимот на ’Тата’ што го држи високо индиското знаме.“

Тата - фирма со огромни можности

Санјеев Кришна од консултантската фирма „Прајсвотер хаус“ со ваква оценка: „’Тата’ краткорочно се наоѓа пред тешки времиња. Меѓутоа, фирмата има енормни можности. ’Тата’ се пробива на пазарите во САД и Европа каде што воопшто не беше присутна и ќе донесе нови пари.“

Одушевување во светот овој автомобилски концерн предизвика уште во почетокот на јануари: шефот на фирмата Ратан Тата во Њу Делхи го претстави најефтиниот автомбил во светот „Нано„ кој чини само илјада и 700 евра. Истовремено се одвиваа преговорите за преземање на луксузните марки „Јагуар“ и „Ленд Ровер“.

Секоја марка има сопствена вредност

За Ратан Тата никаква противречност: „Се чини секој се прашува како е можно да се произведуваат високо-технолошки производи од фирма која инаку се наоѓа на долниот дел од пазарот. Меѓутоа, никој не го прашува, на пример, „Униливер“ зошто произведува ефтини сапуни за Африка и Азија, а истовремено и скапа козметика за други делови во светот. Секоја марка има сопствена вредност.“

Победничкиот поход „Тата Моторс“ го започна пред повеќе од 50 години со камиони, тогаш во соработка со Мерцедес Бенц. Денес „Тата“ е светски број еден производител на камиони и автобуси. Но, фирмата што има промет од преку 20 милијарди евра, се занимава и со други вносни бранши. Скоро 100 фирми продаваат меѓу другото, чај и порцулан, компјутерски софтвер и телефони, сателитски антени и часовници. Сегашниот шеф на семејната фирма Ратан Тата е најзаслужниот за напредокот на модернизацијата на фирмата и за нејзината глобализација.

DW.COM