1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сензација во нордиско скијање - хаос во супер-велеслалом

Сребрен и бронзен медал за Германија во категориите супер-велеслалом и нордиско скијање во женска категорија. На патеката за нордиско скијање натпреварувачките денеска понудија возбудлива завршница.

Шведска го освои златниот медал на штафетната трка 4x5 километри нордиско скијање на Зимските олимписки игри.

Во неверојатна завршница, во последните 50 метри, Шарлот Кала, успеа да ги мине претставничките на Финска и Германија и да го освои златниот медал за својата земја.

Шведската штафета патеката ја мина со време од 53.02.7 минути, на второто и третото место со заостанување од нецела секунда се пласираа штафетите на Финска и Германија. Бронзениот медал за Германија во оваа категорија претставува изненадување. Германските натпреварувачки имено по третпат во историјата на Олимписките игри освојуваат медал во штафетна трка во нордиско скијање.

Olympische Winterspiele 2014 Sotschi Maria Hoefl-Riesch

Вкупно четири медали за Хефл Риш на Олимписки игри

Во категоријата супер-велеслалом Ана Фенингер од Австрија е нова олимписка првенка. Во првата поделба на медали од денешната програма на ЗОИ во Сочи, 24-годишната Фенингер до својот прв олимписки медал стигна со време од 1:25.52 секунди, притоа оставајќи ги зад себе фаворитите Марија Хефл Риш и Никол Хосп.

Марија Хефл Риш, која освои злато во супер-комбинација, денеска мораше да се задоволи со сребрениот медал, бидејќи беше побавна од победничката за 55.стотинки. Германката од Партенкирхен досега на Олимписки игри има освоено вклупно три златни и еден сребрен медал.

Бронзата и‘ припадна на уште една скијачка од Австрија, Никол Хосп која имаше 66.стотинки послаб резултат од „златната“ Ана Фенингер.

Натпреварот во супер-велеслалом на патеката на Краснаја Полјана долга 2100 метри од 49 натпреварувачки го завршија само 31.