1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сензационален пронајдок во Египет

При ископувањата во Северен Египет, германксиот археолог Пуш пронајде фрагмент од архивот со калиогравски писма на Фараонот Рамзес 2. Досега се сметаше дека архивот е засекогаш исчезнат. Малото глинено парче постаро од 3200 години е првиот пронајдок на калиогравско писмо во Египет по 1889.

Калта на Нил стана аргеолошка златна ризница за германецот Едгар Пуш. Низ делтите на реката веќе 25 години тој трага по остатоците на главниот град Пи - Рамесе на Фараонот Рамзес 2, град за кој се смета дека е постар од 3200 години и околу кого се преплетуват многу бајки.

Во текот на неговата долгогодишна работа Пуш откри и златен под, остатоци од палата во која живеел Фараонот и со докази го документираше најстарото производство на дувано стакло. На 56 годишниот археолог и неговиот тим овојпат им успеа да најдат фрагмент од легендарниот архив со калиогравско писмо, за кој веќе долго време се сметаше дека е загубен. Имено за првпат по 1888/89 во Египет повторно е откопан документ со калиографско писмо. Ова е воедно и првиот калиографски пронајдок од периодот на владеењето на Фараонот Рамзес 2.

Глиненото парче постаро од 3200 години е големо пет на пет сантиметри. Беше пронајдено во кал на само 15 сантиметери под површината. На фрагментот се наоѓаат 11 редови испишани со бабилонски јазик. Имено тогаш тоа беше и официјалниот јазик во писмената преписка меѓу кралските дворови. На плочката недостасуваат почетоците и краевите, но осум редови се добро зачувани. Археологот за својот пронајдок еуфорчно вели: " Мало парче го менува светот, бидејќи е дел од еден архив; не архив на книги, туку на дипломатска коресподенција од 1200 година пред нашата ера.

" Како и да е еден фрагмент се уште не е архив, смета Пуш, но зголемена е веројатноста за нови откритија. Надежда да се пронајде архивот со право повторно се појавува.