1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сенатот рече „да“

Американскиот сенат му даде зелено светло на пакетот мерки за спасување на финансискиот сектор, тежок 700 милијарди долари. За преработениот текст гласаа 75-мина сенатори, додека 25 беа против.

default

Капитол Хил во Вашингтон

Новата верзија на пакетот за спасување на финансискиот сектор, по добивањето виза од страна на Сенатот, сега треба да се најде пред конгресмените. Конгресот ќе расправа за текстот в петок, а американскиот претседател, Џорџ Буш и министерот за финансии, Хенри Паулсон апелираа до пратениците да го дадат својот глас „ЗА“ најдоцна до викендот.

Што предвидува измената? Спасувачкиот план и‘ овозможува на државата да ги презема од банките „гнилите“ кредити, во висина до 700 милијарди долари. За да се зајакне довербата на муштериите во банките, зголемена е гаранцијата за приватните банкарски конта, и тоа наместо како што беше првично планирано 100 илјади, сега гаранцијата изнесува 250 илјади долари по банкарско конто. Како отстапка на републиканците е прифатено во спасувачкиот пакет да бидат предвидени и даночни олеснувања за малите и средни претпријатија и средниот општествен слој.

Историски момент Зад ваквиот пакет мерки, кој треба да ја стави на малку посигурни нозе финансиската бранша во САД, застанаа демонстративно и кандидатите за американски претседател, Барак Обама и Џон Меккејн. Во кусиот говор во Капитол, Обама го цитираше поранешниот претседател Френклин Рузвелт, таткото на договорот со кој што Америка се бореше против финансиската криза во 1929 година. Тој ги повика американските граѓани „да го истераат стравот обединети“, да преземат „заеднички мерки против американската криза“ и да спречат „катастрофа“. Претставниците на двете партии, и на Републиканската и на Демократската, го поздравија „историскиот момент“ во кој на двата политичка блока, среде изборна кампања, им успеа да ги надминат партиските граници.

Неизвесноста и натаму трае

Како ќе гласаат пратениците во Конгресот сеуште е неизвесно. Тие на 4 ноември се на повторен избор и не мал дел од нив стравува дека би можел да биде казнет од страна на граѓаните доколку се даде глас за непопуларниот спасувачки пакет за финансискиот сектор.

Претседателот Џорџ Буш, вчера уште еднаш упати апел до пратениците да гласаат „за“. Тој рече дека е тоа тешко гласање, но...„Со секој ден, во кој што не правиме ништо, последиците стануваат поголеми. Драматичниот пад на пазарот на акции во понеделникот ќе има директни последици за пензиските конта, пензиските фондови и штедни влогови на американските граѓани.„, нагласи Буш.

DW.COM