1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сенатот го условува Буш

Американскиот Сенат со тесно мнозинство го усвои предлог законот за финансирање на војната во Авганистан и Ирак со услов борбените трупи да се повлечат до 31 март 2008 година. Со ова повторно му се спротивставија на политиката на американскиот претседател Џорџ Буш. Одобрени се 121.6 милијарди долари. Конечното гласање се очекува кон крајот на неделава. Буш најави дека ќе стави вето на било кој закон кој наметнува датум за повлекување на трупите од Ирак.