1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сенатот го одобри законот и покрај најавеното вето

Американскиот сенат и покрај можното вето од претседателот, го усвои нацрт законот со кој финансирањето на војната во Ирак е поврзано со повлекување на американската војска до 2008 година. Неколку минути пред гласањето Џорџ Буш најави дека ќе стави вето на законот. „Некои од нив веруваат дека со одлагање на законот за финансирање на нашите трупи ќе ме примораат да се откажам и да им ги прифатам условите. Тоа нема да се случи“, изјави Буш.