1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сенатот го блокираше законот за имигрантите

*

Американскиот сенат го блокираше планот на претседателот Џорџ Буш за реформи во имиграционата политика. Мнозинството конгресмени се изјасни против предлогот со кој на околу 12 милиони илегални доселеници во земјата ќе им се овозможеше да добијат легален престој. Ова практично значи дека гласањето по законот е блокирано до 2008 година, кога треба да се одржат претседателските избори во земјата. Мексико, која важи за земја од каде доаѓаат најголемиот број имигранти во САД, ја критикуваше одлуката на сенаторите.