1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Семинаристите учат македонски јазик, но и култура

Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид ја зачува основната форма - преку предавања и курсеви да го привлече интересот на веќе одомаќените, но и големиот број нови и млади слависти и македонисти.

default

Охрид

Странските слависти традиционално го изучуваат македонскиот јазик ширум светот, но велат дека тајната на македонскиот јазик и граматика најубаво се открива во Охрид. И годинава на Семинарот функционираат три курсеви: за почетници, среден и напреден курс.

Наталија е од Краков, Полска. Вторпат е во Охрид, а студира хрватски. Признава дека македонскиот не е лесен : „За мене е доста тежок, бидејќи во полскиот јазик има падежи, а во македонскиот нема. Многу ми се допаѓа и Охрид и селото Коњско кадешто учиме, ама и Скопје.“

Наталија е упорна и вели дека ќе го усовршува македонскиот: „Не знам, мене ми се чини дека македонскиот е убав јазик и се разбира дека и натаму ќе го усворшувам.“

Мачеј, исто така, е од Полска. Во Гдањск студира српски, а македонскиот го учи за првпат на семинарот: „Јас сум во почетна група и

Panoramabild von Ohrid

Во Охрид е убаво, велат семинаристите

македонски учам само две недели. Знам кирилица, можам да читам. Сега учам граматика и да зборувам на македонски.“

Мачеј открива дека го привлекува македонската поп музика, а на семинарот и ред други работи:

„Ја сакам македонската поп музика. Го сакам и слушам Тоше Проески. Ја сакам археологијата, луѓето од организацијата и семинарот се одлични. И Охрид е убав, се‘ е убаво.“

Најмногу ученици од Полска и Русија

Најбројни на семинарот, по традиција, се земјите од Источна Европа. Покрај од Полска, предничат и учесниците од Русија. Катерина има 25 години и доаѓа од Санкт Петерсбург: „Македонскиот ми се допаѓа многу. Во Санкт Петерсбург студирам балкански јазици: албански, грчки, бугарски и сега овде, првпат, учам македонски. Семинаров е многу интересен за мене и за мојата идна работа. “

Катерина ги обожува народните македонски песни. Открива дека во Русија таа пее песни стари и по 300 години: „На пример: „Македонско девојче“, или „Девојченце, девојченце“. Убав ритам, слушам и учам. Ми се допаѓа и „Зајди, зајди.“ Тоа е тешка песна за пеење, но е многу убава и има убав текст.“

Германците учат македонски јазик, но и македонски ора

Не е помал бројот и на Германците. Ги има дури четворица - од Берлин, Лајпциг, Хале.

Јан е Лужички Србин, студира во Лајпциг. Како

Ohrid

Да се зборува македонски, да се „вдише“ дел од македонската култура...

позитивно го посочи и курсот за народни ора: „Јас сум славист и многу ме интересира граматиката. Македонскиот јазик е многу интересен. Имавме двонеделен курс за македонски ора. Научивме многу убави ора.“

Има и такви кои поради работата го изучуваат и македонскиот јазик. Тоа е Дитке: „Се викам Дитке. Јас сум од Хамбург. Го учам македонскиот бидејќи ми е потребен за работа. Од први август, преку размена, работам во Културниот центар „ТОЧКА“, во Скопје. Пред една година, патував од Германија до Македонија со велосипед.“

Македонскиот е мелодичен

Ивана е од Србија. Студира во Ниш. Таа добро го владее македонскиот. Иако српскиот и македонскиот се блиски јазици има разлика, вели Ивана: „Понекогаш мислам дека некој македонски збор е ист со некој српски. Подоцна, констатирам дека немаат исто значење. Граматиката ни‘ е малку различна. Македонскиот и српскиот се слични јазици, но, сепак мислам дека македонскиот е малку помелодичен јазик.“

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска