1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Семејството не е напуштено и живее!

Во Берлин денеска беше презентиран Седмиот извештај за семејството во Германија

Пари, можности за грижа за децата и време му е неопходно на германското семејство - истакна надлежната министерка Урсула фон дер Леин

Пари, можности за грижа за децата и време му е неопходно на германското семејство - истакна надлежната министерка Урсула фон дер Леин

„Семејството е живо и има иднина!” - ова е констатацијата која како прва од Извештајот за семејството во Германија ја изнесе надлежната министерка Урсула фон дер Леин. Извештајот, кој специјална комнисија го работеше изминативе две години, има за цел врз основа на согледувањата, анализите и споредбата со другите европски земји, да го подобри статусот на семејството , а со тоа да придонесе во зголемувањето на наталиотетот во Германија.

„Втора констатција од извештајот е дека времињата се сменија. Жената подеднакво сака да прави кариера, но и да има и деца. Мажите, пак, не сакаат да ја имаат само функцијата издржувачи, хранители на семејството, туку сакаат и самите да дадат свој придонес во воспитувањето на децата“- вели фон дер Леин. Претседателот на Конмисијата Ханс Бертрам го изнесе соглдувањето дека во споредба со другите европски земји, на пример Франција, Холандија, Шведска родителите во Германија минуваат помалку време со децата. Поточно тие имаат најголем број работни часови неделно над 80, така што ова се рефлектира врз нивната присутност во домот. Од друга страна имаат многу повеке одмор и празници, што значи времето не е ефикасно распоредено.

Во пакетот мерки што ги предвидува Извештајот, а кои имаат за цел да се подобри ситуацијата на семејството министерката вон дер Леин го истакна значењето на финансиската помош односно дополнителни пари кои треба да ги добиваат семејствата уште на стартот со првиот пород, но и потоа. Значајно место има и времето кое го поминуваат родителите со децата. Тоа е во тесна врска со работното време во претпријатијата, во градинките, училиштатат и таканаречената инфраструктура која е битна за рационалното користење на времето

“Што се однесува до инфраструктурата, односно помошта која ја имаат семејствата со деца во секојдневието, интерсно е што во извештајот се третира не само флексибилното и повеќестрано воспитување во градинките и училиштата, туку се актуелизира и значењето на соседството, односно становањето во обекти каде живеат повеќе генерацаии” забележа кажа фон дер Леин, практично подвелкувајки го значењето на комуните , но и на традицоналните баби и дедовци.