1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Селскиот разглас побрз од интернет

Денес во ерата на Фејсбук, Твитер и други форми на пренесување информации преку интернет, тешко е се замисли дека некогаш информациите се пренесувале преку разглас.Но тие се' уште функционираат во некои села во Европа.

Кога на улиците ќе одекне музиката на Чајковски, жителите на Бухен-Валдхаузен внимателно слушаат. Бидејќи, тогаш началникот на ова место во јужна Германија, објавува локални вести.

„Тоа не е старомодно. Тоа а традиција и мораме да ја негуваме.", вели една постара жителка на селото. Нејзината сосетка се надоврзува:
„Инаку не би знаеле што се случува во селото. Не можеме секогаш да бидеме присутни на сите места. И секогаш знаете колку е часот кога ќе се вклучи месниот разглас, а тоа е секогаш пред да одам во црква."
За месниот началник Дитер Вебер тоа е речиси како ритуал: го вклучува 50 години стариот засилувач на тон, става плоча и го мести дотраениот микрофон.
Потоа Вебер на жителите Валдхаузен им чита вести. Ако е потребно и во доцните часови. Тој се присетува на една важна случка:
„Еден постар господин по прошетката не се вратил во домот за старци. Тоа го објавивме тогаш. Кога подоцна го нашле господинот, го разгласив тоа во 30 минути по полноќ. Си реков ако јас не спијам, можеби ни другите не спијат па морам на луѓето да им ја пренесам во 12:30 оваа важна вест.", раскажува Вебер.

Antennen und Funk Anlage Lautsprecher

Побрз од другите средства за комуникација

Жителите на Валдхаузен го сакаат својот месен разглас. Само селскиот информатичар смета дека тоа повеќе не одговара на духот на времето. Во ера на Фејсбук и смартфони во селото има 36 звучници, поврзани со кабли, кои мора и да се одржуваат.
„Денес постојат разни начини за пренесување на информации. Твитер, Њусфид, што ќе посакате. Или пак едноставно Њуслетер на кој може да се претплатите.", вели селскиот информатичар. Месниот началник Вебер со доза на хумор контрира:
„Вака сум во сосема јасна предност. Кога некој ќе дојде во мојата канцеларија, можам веднаш да ја објавам неговата вест. Најактуелен во рок од неколку минути. Според тоа, во секој случај сме побрзи отколку кој било службен весник, интернет или останатите комуникациски средства."

Модернизација на разгласот

Месните разгласи денес се реткост. Во педесетите години од минатиот век биле многу пораспространети. Радиото и телевизијата ги испратија разгласите во музеј. Притоа сепак постојат теми кои како да се создадени за месните разгласи.

„Зет имал кавга со дедото, кој на крајот му го земал клучот и го фрлил в снег. Ми се јави и ми рече: ми го нема клучот. Проследете го тоа. И јас тоа го објавив. За жал, клучот го најдовме дури откако се стопи снегот.", раскажува Дитер Вебер.

Месниот разглас доволно пати се покажал како корисен. А наскоро дури ќе биде и модернизиран. Потоа на улиците на Валдхаус ќе одзвонува со јачина од 250 наместо 100 вати.