1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Селмани обвинува дека се подготвува изборен фалсификат

„Изборниот закон, кој го предложи Владата, не гарантира фер, коректни и демократски избори“, изјави за Дојче веле Имер Селмани, претседател на „Нова демократија“, пред денешната седница на нејзиниот Управен совет.

default

Имер Селмани

На седницата во Тетово се расправаше за изборниот закон и навестеното одржување на предвремените парламентарни избори во Македонија. Селмани во изјавата за Дојче веле ги изнесува забелешките и ставовите околу тоа што е потребно, според него и неговата партија, да се преземе за да се одржат регуларни избори:

„Потребно е шесте изборни единици да се спојат во три: првата со втората, третата со четвртата и петтата со шестата изборна единица, заради балансирање на гласачкото тело, кое што треба соодветно да даде соодветен број на пратеници во Парламентот. Наголемо веќе на теренот од активисти од ДУИ и ВМРО ДПМНЕ се зборува дека подготвуваат изборни манипулации и изборен фалсификат. Поради ова, Нова демократија ќе предложи на крајот на гласањето, во 19 часот, не да се пребројат

Wahlen Mazedonien

Нова демократија ќе предложи на крајот на гласањето само да се затворат кутиите и целиот изборен материјал да се однесе на централно место во општините

и да се манипулира со гласовите на самото избирачко место, туку само да се затворат кутиите и целиот изборен материјал да се донесе на едно, централно ниво, на ниво на општина, каде што под набљудување на сите учесници во изборниот процес, како и под меѓународно надгледување, дали тоа ќе биде ОБСЕ, или други институции, да се бројат гласовите и да не се дозволи манипулација со неупотребените гласачки ливчиња.“

Селмани обвинува и дека се подготвува „изборен фалсификат и манипулација со дијаспората“:

„Гласањето само во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство, дефинитивно, ќе ја искриви сликата за волјата на гласачите во иселеништвото. Ние ќе предложиме насекаде во дијаспората, каде што ќе има до илјада гласачи – дали тоа ќе биде град, населба, или село – да се отвори соодветно гласачко место, во клубовите или на некое друго место, што ќе треба да се дефинира. Но, недозволиво е гласачките места да бидат само во дипломатско-конзуларните претставништва.“

ДУИ бара вклучување во разговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ И СДСМ

Вчера (12.03), пак, Централното претседателство на ДУИ по својата повеќечасовна седница се огласи со соопштение, во кое „ја поздрави иницијативата за повторно воспоставување на политичкиот дијалог како начин да се деблокира процесот за прогласување на предвремените избори“. „Очекуваме овој дијалог да понуди основа за сеопфатен договор меѓу политичките субјекти за распишување на парламентарните избори во најкус можен временски рок“, соопшти ДУИ, алудирајќи на претстојната средба меѓу на лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Бранко Црвенковски. Во текот на наредната недела ќе биде одржана седница и на Генералниот совет на партијата, со цел да се почне со подготовки за учество на изборите.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска